Епизода од животот на еден собирач на железо

Епизода од животот на еден собирач на железо ( на бошњачки: Epizoda u životu berača željeza ) е босански драмски филм од 2013 година по сценарио и режија на Данис Тановиќ. Филмот беше премиерно прикажан во конкуренција на 63-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин [1][2] каде ја освои Гран при наградата од жирито, а Назиф Мујиќ ја освои Сребрената мечка за најдобра актер .[3] Беше прикажан во делот Современa светскa кинематографија на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто 2013 година .[4][5] Филмот беше избран како претставник на Босна за најдобар странски филм на 86-тото доделување на Оскарите,[6] и стигна до јануарскиот список на избрани филмови.[7]

„Епизода од животот на еден собирач на железо“
РежисерДанис Тановиќ
ПродуцентАмра Бакшиќ Чамо
Чедомир Колар
Даниел Хочевар
СценаристДанис Тановиќ
НастапуваатНазиф Мујиќ
КинематографијаЕрол Зубчевиќ
МонтажаТимур Макаревиќ
Премиера13 февруари 2013 год. (Берлин)
16 август 2013 год. (Сараево
Времетраење75 минути
ДржаваБосна и Херцеговина
Франција
Словенија
ЈазикБосански
Ромски

ЗаплетУреди

Ромско семејство живее во околијата на Босна и Херцеговина. Назиф собира делови од стари автомобили и ги продава на трговец со старо железо. Неговата жена Сенада е домаќинка која се грижи за нивните две мали ќерки. Еден ден, таа почнува да чувствува акутна болка во стомакот. Во болницата и кажуваат дека нејзиното неродено дете починало и, за да се спречи септикамија, треба итно да се оперира. Сепак, поради немање пари и медицинско осигурување, тие не можат да си ја дозволат операцијата. Двојката очајно почнува да бара начин да ги собере потребните средства пред да биде предоцна.

Улогите во филмот ги толкуваат непрофесионални актери кои реинтерпретираат епизода од нивните вистински животи.

УлогиУреди

  • Назиф Мујиќ како Назиф
  • Сенада Алимановиќ како Сенада
  • Шемса Мујиќ како Шемса
  • Сандра Мујиќ како Сандра 

НаводиУреди

  1. „Berlinale Competition 2013: Another Nine Films Confirmed“. berlinale. Посетено на 24 January 2013.
  2. „Roma couple relives trauma in Berlinale contender“. Global Post. Посетено на 13 February 2013.
  3. „Prizes of the International Jury“. berlinale. Посетено на 16 February 2013.
  4. „An Episode in the Life of an Iron Picker“. TIFF. Архивирано од изворникот на 18 September 2013. Посетено на 17 August 2013.
  5. „Toronto Adds 75+ Titles To 2013 Edition“. Indiewire. Посетено на 17 August 2013.
  6. „Tanovićevi 'Berači željeza' bh. kandidat za Oskara“. Radio Sarajevo. Архивирано од изворникот на 27 September 2013. Посетено на 24 September 2013.
  7. „9 Foreign Language Films Advance in Oscar Race“. Oscars. Посетено на 20 December 2013.