Енкрипционен клуч

Енкриционен клуч е секвенца од симболи која ја контролира операцијата на криптографската трансформација (на пр. шифрирање и дешифрирање). Во практика, најчесто клучот е низа од битови која се користи од криптографскиот алгоритам за трансформирање на обичен текст во шифриран текст или обратно. Клучот би требало, вообичаено да биде само дел од алгоритмот којшто треба да се држи во тајност.

Клучевите, исто така, се користат и во други криптографски алгоритми како што се алгоритмите за дигитален потпис и клучни-hash функции (МAC-ови), кои често се користат за автентикација.

Инаку, еден клуч, колку е подолг, толку е потешко да се пробие енкриптираната информација. А исто така, колку е подолг клучот, толку подолго време треба за извршување ен/декриптирачките операции. Вообичаено доколку имаме компјутер што може да изврши една енкриптирачка информација секоја милисекунда, а користиме 64-битен клуч, со помош на бруте-форце методот би ни требале, во просек, цели 292 милиони години за да се пробие некоја информација, доколку се користат половина број на обиди, бидејќи обично шифрата се пробива на пола пат.

За добро дизајнирани алгоритми, шифрирање на ист текст, но со различен клуч, би требало да генерира сосема различен енкриптиран текст. Слично, и декрипција на енкриптиран текст, но со погрешен клуч би генерирало наизглед “рандом” бесмислица.