Ели Дикомен (19 февруари 1833 година, Женева - 7 декември 1906 година, Берн) — швајцарски активист за мир. Тој бил Нобеловец, награден со Нобеловата награда за мир во 1902 година, која ја поделил со Шарл Албер Гоба.

Ели Дикомен
Élie Ducommun
Роден(а)19 февруари 1833(1833-02-19)
Женева, Кантон Женева, Швајцарија
Починал(а)7 декември 1906(1906-12-07) (возр. 73)
Берн, Кантон Берн, Швајцарија
РодниниМартин Брауен (правнук)
НаградиНобелова награда за мир, 1902

Роден во Женева, работел како учител, наставник по јазик, новинар и преведувач на Швајцарската сојузна канцеларија (1869–1873).

Во 1867 година тој помогнал да биде основана т.н. Ligue de la paix et de la liberté (Лига на мирот и слободата), иако тој продолжил да работи на други позиции, вклучително и секретар за компанија за челик „Јура-Симплон“ од 1873 до 1891 година. Таа година, тој бил назначен за директор на новосоздаденото т.н. Bureau international de la paix (Меѓународна канцеларија за мир), прва невладина меѓународна мировна организација, со седиште во Берн. Тој одбил да прифати плата за таа позиција, изјавувајќи дека сака да служи во овој капацитет само од причини на идеализам.

Неговите силни организациски вештини и го обезбедиле успехот на групацијата. Тој бил награден со Нобелова награда за мир во 1902 година, а беше директор на организацијата до неговата смрт во 1906 година.

Надворешни врски

уреди