Електронски дневник

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за образование и наука (МОН)[1] на Македонија кој овозможува сите информации што се внесувале во стандардните печатени дневници да може да се внесуваат во електронска форма. Овој систем за прв пат е реализиран во периодот на учебната 2009-2010 година како пилот проект, преку проект за модернизација на образованието (ПМО) кој е реализиран со кредит од Светска Банка и грант од Кралството Холандија.

Електронскиот дневник е реализиран како веб базирана апликација изграден врз постоечка инфраструктура од хардверски и софтверски платформи на Министерството за образование и наука.

Цели

уреди

Е-Дневникот има голем број на крајни корисници - наставници, родители, голем број на вработени во државните институции, што перспективно го прави најмасовно користен електронски систем во Република Македонија. Крајни корисници на системот Е-дневник се сите наставници во основните и средни училишта во Македонија како и сите родители на деца во основно или средно училиште. Неколку пати системот е надградуван, поради технички проблеми и нефункционалности на истиот во изминатиот период од кога е пуштен за употреба.[2][3] Потребно е да се обезбедува брза, квалитетна и постојана корисничка и техничка поддршка на системот, како и долгорочна надградба, прилагодување кон потребите на корисниците и проширување на функционалноста на системот.

Основна корисничка подршка за Е-Дневник се обезбедува преку електронска пошта. Адресата на електронската пошта е објавена на веб страната на Е-Дневник и оваа адреса е официјална адреса за контакт во врска со прашања, проблеми, предлози и слично.[4]

Една од целите на Е-Дневникот е да ја подобри и олесни комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да ја зголеми информираноста на родителите за тие да добиваат информации за оценките, активностите и поведението на своите деца преку e-mail пораки на својот компјутер или преку смс пораки на својот телефон.

Опис

уреди

Апликација

уреди
  • Главната апликација за Е- Дневник која го обезбедува веб интерфејсот[5] кон корисниците, поддржува седум кориснички улоги: администратор на системот, наставник, родител, ненаставен кадар, директор, инспектор и училишен администратор. Одржувањето на апликацијата подразбира креирање на нови кориснички улоги за новите корисници на системот како и отстранување на проблеми и надоградувања. Во секое училиште апликацијата ја одржуваат и пополнуваат со податоци за вработени,ученици и наставни програми од страна на училишните администратори, секој наставник потоа си го потполнува тековно со содржини Е-дневникот. Во процесот на образование во Македонија во Е-дневник постојат следните типови на дневници:
  • Дневник за настава од прво до трето одделение.
  • Дневник за настава од четврто до деветто одделение.
  • Дневник за настава за средно образование.

Мрежно место

уреди

Во рамките на Електронскиот Дневник изработена е јавна веб страна која содржи: кориснички упатства за наставниците[6] и родителите,[7] новости во врска со Електронскиот Дневник, дел за често поставувани прашања, и дел за контакт.[8] Од август 2023 година е пуштено во употреба новото решенеие со кое треба да се решат проблемите кои се детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години.[9] Во рамките на Електронскиот Дневник обезбеден е систем за автоматско испраќање на голем број на емаил пораки на принцип на мејлинг листи. Преку овој систем се испраќаат сите соопштенија кои се објавуваат на веб страната на Електронскиот Дневник, до родителите и наставниците. Системот е интегриран со Електронскиот Дневник така што се превземаат емаил адресите на сите корисници на Електронскиот Дневник.

Една од функционалностите на Електронскиот дневник е и праќање на известувања до родителите преку СМС пораки. Содржината на СМС пораката содржи информации за бројот на изостаноци на ученикот и за добиените оценки во изминатата недела. Родителите ја активираат оваа услуга преку класните или одделенските раководители на паралелката во која учи нивното дете. Податоците за претплатниците на СМС услугите се чуваат во МОН. Фреквенцијата на испраќање на СМС пораки до родителите е еднаш на секоја недела во дефиниран период (на пример секоја недела меѓу 16:00 и 20:00 часот). Доколку нема измена во тековната недела за детето (нови изостаноци или оцени), таа недела нема да биде испратена СМС порака.

Електронско изготвување на свидетелства

уреди

Овој модул е дополнување на апликацијата во делот за наставници. За секоја паралека може да се генерираат свидетелствата за сите ученици на паралелката. Генерирањето на свидетелствата е во пдф формат. Свидетелствата за основните училиште има можност да се изработат како еднојазични свидетелства на македонски јазик и двојазични на следните јазици: македонски, албански, турски и српски. Овозможува и ги опфаќа сите опции и јазици на свидетелствата. Постојат неколку видови на свидетелства:

  • свидетелство за основно училиште.
  • свидетелство за средно училиште гимназија.
  • свидетелство за средно стручно училиште.

ЕМИС и ХРМ

уреди

ЕМИС и ХРМ се две апликации за образование врз кои се базираат сите понатамошни апликации. ЕМИС (информационен систем за управување со образованието) е алатка за собирање, обработка, проверка и презентирање на податоци што се важни за образовниот процес во основното и средното образование во Македонија. ЕМИС системот е реализиран како веб апликација која работи на Oracle 11g база на податоци. ЕМИС системот ги собира, обработува и презентира сите податоци за учениците, како и нивните постигнувања во образовниот процес во јавните основни и средни училишта во Македонија. ЕМИС содржи и контрола на сите претходно наведени процеси и процедури кои се под надлежност на државниот инспекторат за образование. Kрајни корисници на ЕМИС системот се МОН, сите општини и училишта во Македонија. ЕМИС системот има можност за комуникација со други системи од други институции. ХРМ системот обезбедува податоци за вработените во образованието. За обезбедување на целосна функционалност на ЕМИС системот во секоја општина биле реализирани обуки на наставници за работа со Емис. Овие две апликации со надградување од учебната 2019 година функционираат како една апликација ЕСАРУ.[10]

Наводи

уреди
  1. „МОН: родителите и старателите годинава преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште“. Министерство за образование и наука (англиски). Посетено на 2024-05-21.[мртва врска]
  2. Sasho (2023-06-18). „И годинава проблем со е-дневникот, МОН најавува нов софтвер“. МКД.МК. Посетено на 2024-05-21.
  3. „И годинава проблем со е-дневникот, МОН најавува нов софтвер“.
  4. „Е- дневник“. Архивирано од изворникот на 2021-10-27. Посетено на 2024-05-21.
  5. „Е-дневник“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2024-05-21.
  6. „кориснички упатства за наставниците е дневник - Пребарување на Google“. www.google.com. Посетено на 2024-05-21.
  7. „Upatstvo Za e Dnevnik Sistemot Za Roditeli 2018 PDF | PDF“. Scribd (англиски). Посетено на 2024-05-21.
  8. „Search“. Министерство за образование и наука (англиски). Посетено на 2024-05-21.[мртва врска]
  9. „електронски дневник | Meta.mk“. 2023-11-02. Посетено на 2024-05-21.
  10. Mediumm (2023-01-13). „ЕСАРУ ВЕБ СТРАНА ЗА АДМИНИСТРАТОРИТЕ НА Р.С.М“. Medium (англиски). Посетено на 2024-05-21.

Надворешни врски

уреди