Електрични појави
(Пренасочено од Електрична појава)
Електрични појави — физички појави кои се јавуваат поради законитостите на електрицитетот, и можат да се сфатат како нивни последици.
Овие појави се дел од електромагнетните појави, иако ваквото сфаќање е прилично произволно.
Појави
уредиЕве некои примери за електрични појави:
- Бифелд–Браунов ефект — ефектот попознат како „електрохидродинамика“ (ЕХД), пандан на попознатата магнетохидродинамика.
- Еднонасочна струја — постојаниот тек на електрична струја низ проводник како жица од висок на низок напон.
- Електрична спроводливост — движењето на електрично наполнети честички низ некоја средина.
- Електролуминисценција — појавата кога еден материјал зрачи светлина како последица од минувањето на електрична струја (или силно магнетно поле) низ тој материјал.
- Земна струја — електрична струја со крајно мала честота (честота) што природно се јавува во големи подземни подрачја на или близу површината на Земјата.
- Индуктивност — појавата кај едно коло каде енергијата е складирана во облик на електромагнетно поле.
- Искрење — електричен слом на една средина (материјал) кој предизвикува постојано плазмено празнење, слично на моментната искра што се јавува при струен тек низ неспроводливи средини како воздух.
- Молња — електростатичко празнење што се јавува при грмотевична бура. Наглото електрично празнење на молњата е придружено со светлосно израчување.
- Светлосна спроводливост — појавата каде еден материјал станува попроводлив благодарение на впивањето на електромагнетно зрачење како видливата светлина, ултравиолетовата светлина, и гама-зрачењето.
- Статички електрицитет — класа на појави што се однесуваат на неурамнотежен полнеж во еден предмет, обично полнеж со доволно голем напон за да предизвика видливо привлекување (на пр. статичното), одбивање и искри.
- Струен удар — физиолошка реакција на еден организам при минувањето на електрична струја низ телото.
- Термоелектричен ефект — Зебеков ефект, Пелтијеов ефект и Томсонов ефект
- Трибоелектричен ефект — вид на контактна електрификација каде предметите стануваат електрично наполнети кога ќе се допрат и ќе се одделат.
- Пиезоелектричен ефект — способноста на извесни кристали да создаваат напон кога се механички напрегнати.
- Пироелектричен ефект — создадениот потенцијал на извесни материјали при нивно загревање.
- Фотоелектричен ефект — израчување на електрони од една површина (обично метална) при нејзина изложеност или впивање на електромагнетно зрачење (како видлива светлина или ултравиолетово зрачење).
- Фероелектричен ефект — појавата каде кај извесни јонски кристали се јавува спонтан диполен момент.
Надворешни врски
уреди- Вовед во природните појави при многу ниска честота Архивирано на 20 март 2003 г. (англиски)