Ексавгуст Војоан
Ексавгуст Војоан — син на познатиот Василиј Војоан, бил исто така катепан на Италија, од 1041[1] до 1042 година.[2] Тој го заменил Михаил Докијан по срамот што го доживеал по поразот кај Монтемаџиоре на 4 мај. Војоан не ги имал засилувањата со кој располагал Докијан. Тој пристигнал со еден варжјански контингент. Војоан одлучил да се обиде да ги изолира ламбардските бунтовници во Мелфи кампувајќи во близина на Монтепелоса.
Според Вилијам Апулски, пред битката Ексавгуст оддржал говор пред војниците со следниве зборови:
„ | Момци, имајте гордост во својата машкостe, и не дозволувајте да имате срца како жени! Кој кукавличак прави секогаш да избегате? Сетете се на ваѓите татковци чија храброст го покорила целиот свет. Хектор, најхрабриот човек, паднал од рацете на Ахил. Троја била изорена од пламновите на микенскиот бес. Индија знаела за храброста на Филип. Зар неговиот син Александар со неговата храброст не го покори најсилното царство пред Македонците? Западот и секој дел од светот се плашел од нас. ёкои луѓе, слушајќи го името на Македонците, се осмелувале да застанат пред него во полето? Градови, тврдини и гратчиња ретко можеле да се одбранат пред нивната моќ. Бидете храбри, Ве проколнувам, сетете се на храброста на вашите предци, и не ги срамете ставајќи ја својата доверба само во вашите стапала! Тој кој се осмелува да се бори како маж ќе ја надмине силата на непријателот. Обидете се да ги следите стапките на вашите предци, и заборавете на секја мисла за бегство. Целиот свет треба да знае дека сте храбри мажи. Не треба некој да се плаши од франките во борба, но тие се немоќни и по бројност и по хаброст. | “ |
Норманите, сепак, ги напуштиле позициите во Мелфи и кампувале о близина на Монте Сириколо, близу Монтепелосо. Тие заробиле конвој од жива стока наменет за византијците и со тоа ја започнале битката, во која Војоан бил поразен и заробен (3 септември, 1041 година). Норманите, кои биле платеници, го предале заробениот катепан на ламбардарскиот водач Атенулф во Беневенто. Атенулф добил голем откуп за да го ослободи катепанот и целиот откуп го зачувал за себе. Војоан бил слободен, но бил сменет од својата позиција.
Наводи
уреди- ↑ Chalandon, p 99. Amatus of Montecassino, John Skylitzes, and the Annales Barenses place his arrival in 1041, but Lupus Protospatharius places it in 1042. Lupus begins his year in September, so Boioannes should have arrived in Italy within that month or after. We do know, however, that he was defeated and captured in September 1041.
- ↑ He was released in February 1042 from captivity, at which time he was replaced by Synodianos.
Извори
уреди- Ferdinand Chalandon Histoire de la domination normande en Italie et en Sicile. Paris, 1907.
- John Julius Norwich The Normans in the South 1016-1130. Longmans: London, 1967.
Претходник Михаил Докијан |
Катепан на Италија 1041–1042 |
Наследник Синодијан |