Европски омбудсман

Европскиот омбудсман (или понекаде само Евроомбудсман) е омбудсман на Европската Унија. Телото било формирано со Мастришкиот договор.

Европски омбудсман
Функционер
Никифорос Диамандоурос

од 1 април 2003 г.
НазначувачЕвропски парламент
Прв функционерЈакоиб Содерман
Создадена1995
Мреж. местоombudsman.europa.eu

Европскиот Парламент назначува омбудсман кој е овластен да ги прима жалбите од било кој граѓанин на Европската Унија или било кое физичко или правно лице кое престојува или има регистрирано канцеларија во земјите членки, а кои се однесуваат на повреди на човековите права предизвикани од активности на институции на Европската Унија или тела со исклучок на Европскиот суд на правдата како и Судот од прва инстанца кога дејствуваат во нивната судска улога.

Во согласност со неговите овластувања Омбудсманот ќе поведе постапка по оние случаи кои ги смета за основани, по сопствена иницијатива или врз основа на жалба поднесена до него директно или преку член на Европскиот Парламент, освен ако фактите укажуваат или се предмет на завршена судска постапка или судска постапка која е во тек. Кога Омбудсманот ќе востанови случај на лоша администрација, односно повреда на право, се обраќа до засегнатата институција и истата има период од три месеци во кои треба да го информира Омбудсманот за нејзините ставови по тоа прашање. Потоа Омбудсманот доставува извештај до Европскиот Парламент и до засегнатата институција.

Лицето кое ја приложува жалбата ќе биде информирано за резултатот од истрагата. Омбудсманот поднесува годишен извештај до Европскиот Парламент за резултатите од неговите истраги.

Омбудсманот ќе биде назначен по секој избор на Европскиот Парламент за времетраење на неговиот мандат. Омбудсманот има право на реизбор. Омбудсманот може да биде разрешен од страна на Судот на правдата по барање на Европскиот Парламент доколку повеќе не ги исполнува условите потребни за извршување на неговите обврски или доколку е виновен за лошо постапување. Омбудсманот е потполно независен во извршување на своите надлежности. Во извршувањето на своите надлежности тој ниту ќе бара ниту ќе прима инструкции од било кој. Омбудсманот во текот на својот мандат не смее да врши други дејности, без разлика профитни или непрофитни.

Историја

уреди

Надворешни врски

уреди