Европска асоцијација на археолози
Европската асоцијација на археолози (ЕАА) е невладина и непрофитна организација, која почива на своите поединечни и колективни членови. Членувањето во ЕАА е отворено за археолози и други поврзани или заинтересирани поединци или организации во Европа и пошироко. ЕАА е основана во 1994 година на инаугуративниот состанок во Љубљана, Словенија, каде што се одобрени и нејзиниот прв статут и правилници.[2] Таа е призната од Советот на Европа во 1999 година.[3] ЕАА на својата база на податоци има над 11.000 членови од 60 земји во светот, кои работат во областите на праисторијата, класиката, средновековната и историската археологија. ЕАА одржува годишна конференција, а го издава и најпрестижниот весник за европската археологија, Европски весник за археологија . ЕАА. Организацијата, исто така, објавува и внатрешен билтен, наречен Европскиот археолог (ТЕА). Седиштето на здружението е во Прага, Чешка .
Основана | 1994 |
---|---|
Вид | невладина организација |
Седиште | Прага, Чешка |
Регион | Европа |
Членство | Поединечно членство, колективно членство |
Претседател | Фелипе Криадо-Боадо |
Мреж. место | e-a-a.org// |
Со ЕАА управува извршен одбор, кој се избира од полноправните членови на организација. Извршниот одбор се состои од тројца или четворица службеници (претседател, новоизбран претседател (во доаѓање), благајник и секретар) и шест обични членови.[4] Актуелен претседател на Европската асоцијација на археолози е Фелипе Криадо-Боадо од Галисија.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ „Европско признание за македонскиот археолог“. skopjeinfo.mk. Посетено на 2021-11-30.
- ↑ Cleere, H. 1995. The EAA is up and running. The European Archaeologist 3: 1-3.; EAA Statutes Архивирано на 21 октомври 2020 г.
- ↑ Council of Europe Conference of INGOs http://coe-ngo.org/#/ingo/
- ↑ EAA Statutes Article VI: Organization
- ↑ Felipe Criado Boado, presidente de la EAA Архивирано на 11 октомври 2015 г., DLGGA-Delegación del CSIC en Galicia](шпански)
- ↑ EAA Executive Board Архивирано на 30 април 2021 г., Official website