Еврејски гробишта (Струмица)
Еврејски гробишта во Струмица — некогашни гробишта на еврејската заедница во Струмица, за кои се знае многу малку. Единствено останал еден документ од 1932 година. Евреите што избегале од тој град за време на Првата светска војна и кои нашле засолниште во Скопје оставајќи ги своите домови, синагогата, училиштето и гробиштата, ја молеле власта да се утврди вредноста барем на дел од нивниот имот што преминал во државни раце, а противвредноста да ѝ се исплати на скопската еврејска заедница, која ги прифатила и им помогнала. Меѓу останатото, Евреите од Струмица пишуваат дека теренот на гробиштата, кој е преоран, бил со површина од 5.500 квадратни метри.
Литература
уреди- Плима и слом; Жени, Лебл; Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија; ISBN 978-608-65129-6-5; Скопје, ноември 2013 година.