Д Хип (музичка група)
Д Хип (The Hip) - музичка група од Куманово формиран во деведесеттите години. Првата постава ја сочинувале Александар Лазаревски-Сале на гитара, Бојан Зељковиќ на бас и Владимир Симоновски на тапани. Повремен член на бендот бил Љубиша Петрушевски.
Тело-наука совршена | |
---|---|
Потекло | Струга, Република Македонија |
Жанрови | рок |
Период на активност | 1985-2016 |
Членови | |
Сашо Кленкоски Антонио Гоџоски Јован Затуроски Ненад Мурговски Никола Матоски | |
Поранешни членови | |
Сашо Кленкоски Звонко Наумоски Роберт Калајџиески Нaум Наумоски Елени Новаковска Антонио Гоџоски |
Историја
уредиКако бенд што расте со појавата на клубот „Ariel“, ја има таа можност, на самиот почеток на својата кариера, да биде во центарот на вниманието и да настапува на големи концерти. Пролетта таа година во групата ќе дојде нов тапанар, Влатко Алексовски, и со него членовите на The Hip ќе настапат како предгрупа на концертите на белградските состави „Казна За Уши“ (на 13.3.1993) и „Електрични Оргазам“ (на 24.4.1993). Од овој концерт потекнува и нивната прва снимка што ќе ја пуштат во јавноста, обработката на “The Stooges” - No fun. Песната, наредната, 1994, година, ќе се најде на компилациската касета Dossier Page 1, што е прво појавување на носач на звук на The Hip. МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА 415 Х Х Н На самите почетоци, бендот ќе учествува и на локалната гитаријада во Куманово, на која ќе го добие своето прво признание во кариерата, за најнадежен кумановски бенд. Со згаснувањето на „Ariel“, групата ќе го изгуби своето локално „упориште“, но добрите вибрации од Куманово ќе започне да ги шири и пошироко, во Скопје и на целата македонска сцена од тој период. Промените во бендот, кои ќе стануваат сè почести, ќе знаат да ги закочат неговите членови во процесот на креативност, но никако нема да ги проретчат концертните појавувања, и со новиот тапанар Сашо Стојковски-Серџо, есента 1993 година ќе забележат неколку настапи во Скопје. Особено впечатлив за скопските фанови ќе биде настапот во Куршумли Ан во септември 1993 година, кога за првпат ќе изведат сет нови материјали, како и впечатливата преработка на “Television” - Foxhole. Настапот на ангажираниот фестивал „Stop The Madness“ одржан на 30 октомври во МКЦ, Скопје, ќе го вброи бендот во редот на најдобрите македонски состави, притоа претставувајќи и` на публиката потполно нов сет песни: Space is deep, On the road, Waiting for the sounds of freedom. Третото претставување пред фановите во Скопје ќе се случи веќе наредниот месец, на покана на новиот музички магазин „Тротоар“, кој ќе се јави како организатор на настанот, односно во ноември, на 13.11.1993 во МКЦ, бендот ќе биде загревање за англискиот состав „Red Eye Express“. Со магазинот „Тротоар“ како поддршка, групата ќе го има и првото излегување надвор од Македонија, на 17.12.1993, на „Festival Underground Bendova Sa Prostora Ex Yugoslavije“ во Белград, во „Дом Омладине“, заедно со Suns. Брзиот раст на бендот, позитивните критики што доаѓаат од сите страни и големите очекувања од јавноста, ќе направат притисок во самиот бенд, што ќе резултира со расцепување на неговото јадро. Бојан, еден од основачите, ќе гo напушти бендот многу бргу по враќањето од Белград. Истото ќе го стори и Серџо, непосредно по настапот во јануари на „Гитаријада ’94“, каде што овојпат членовите на The Hip настапуваат како гости. Ситуацијата пред колапс ќе ја извади Мартин Николиќ, гостин од Ниш, со чија помош настапот на гитаријадата ќе го претворат во вистински триумф, лекција по модерен рокенрол. Од овој концерт зад тапаните ќе седне Горан Поповски-Поп. Новата обработка Interstellar overdrive од „Pink Floyd“, која премиерно ќе ја изведат во Белград, во родното Куманово ќе ја добие својата вистинска физиономија во фуриозната 13-минутна верзија, скоро во целосен мрак. По малку во сенка на Interstellar overdrive, ќе помине премиерната изведба на една тема што подоцна ќе стане инстант андерграунд-хит, Suicide. Иако бендот е без две третини од оригиналната постава, што веројатно доста го забавуваше интензитетот на работа, сепак костурот на она што за неколку месеци ќе прерасне во Songs About Books And Flowers, веќе се насетуваше. Април и мај групата ќе ги помине во студиото „Cyber Space“ на Владимир Каевски (Cyborg), каде што во негова продукција ќе бидат наснимени материјалите за деби-албумот. Самото снимање ќе добие огромна поддршка од страна на Сеад Хаџиќ-Сецко (Last Expedition), кој несебично ќе ја стави на располагање својата колекција на гитари и педали, но и самиот ќе насними одредени парчиња од музиката на албумот. Завршувајќи го снимањето, во јуни, членовите на The Hip се ослободени од големиот притисок и во една релаксирана атмосфера ќе ја прифатат понудата 18 јуни да го отворат фестивалот што ќе го организира музичкото радио „Канал 103“, „Urban Fest ‘94“. Само за овој концерт, поставата на The Hip е целосно изменета: басот го свири Драган Георгиевски, а тапаните Димитар Петров (Last Expedition). За првпат групата е засилена и со втор гитарист, како испомош, Сеад Хаџиќ-Сецко. Есента 1994 година, „Trot Records“, издавачка куќа зад која стои магазинот „Тротоар“, издава еден од најпрогресивните албуми на своето време, албум што ќе постави некои нови стандарди на македонската рокенрол сцена. Деветте теми на албумот се инспирирани од психоделијата на шеесеттите и седумдесеттите години, но и од „Spacemen 3“, „Loop“ и „Sonic Youth“ во комбинација со тогаш модерниот пост-рок и гранџ-звук, внесувајќи ги гитарите и гитарските ефекти на голема врата во македонската музика. До крајот на годината The Hip, заедно со македонската андерграунд „елита“, 27 октомври ќе настапи на меморијалниот концерт „Tribute To Ушко“, оддвајќи му последна почит на еден од промоторите на таа надоаѓачка македонска сцена, Дејан Аргировски-Ушко. Вторпат таа година групата ќе вклучи и втор гитарист во поставата, Александар Митевски. По иницијатива на Тротоар, The Hip во декември 1994 година ќе ја сними обработката на „Hawkwind“, Brainstorm, која ќе се најде на компилациското CD 14 Песни За Ушко.
Во јануари 1995 година членовите на The Hip повторно ќе сe искачат на сцената во МКЦ, овојпат како гости на финалната вечер на „Поп-Рок Фест ‘94“. Најуспешниот концерт во својата кариера ќе го одржат на 11.2.1995, во МКЦ, како загревање за новосадскиот состав „Obojeni Program“. Концертот истовремено ќе биде пренесуван на брановите на музичкото радио Канал 103, што уште повеќе ќе придонесе групата да се здобие со култен статус, особено во Скопје и Куманово. Интересно е да се истакне дека во овој период од почетокот на годината групата ќе работи на создавање музика за театарска престава на Сашо Миленковски, во Кумановскиот театар, која подоцна МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА 416 требало да ја изведува во живо за време на претставата. За жал, непосредно пред самиот крај, поради некои несогласувања помеѓу режисерот и одговорните во театарот, претставата ќе се откаже. Овој момент по малку ќе влијае на општата атмосфера во составот, но еден друг момент што некако паралелно ќе се случи, ќе го врати бендот на стариот колосек. Имено, некаде во март таа година во Скопје ќе престојува музичкиот новинар на „Melody Maker“ и фронтмен на англискиот постпанк- состав „Gold Blade“, Џон Роб. Иако ќе престојува за кратко, ќе го посети бендот во студиото „Тра-Ла-Ла“ на Мите Димовски и ќе ја испродуцира новата песна на The Hip, U.F.O. Кулминација на популарноста на бендот ќе биде настапот во родниот град, на големиот „Летен Рок Фестивал ‘95“, кој на 23 јуни ќе се организира под отворено небо, во центарот на градот. The Hip со право ќе биде ѕвездата на фестивалот. Летото, во јули, групата ќе одржи мал концерт за фанови, во скопскиот клуб „Doors“. Бас-гитарист на овој концерт е басистот на Suns, Саша Павловиќ-Фреш. Како еден од главните бендови на „Трот Рекордс“, ќе се појави и на фестивалот што ќе биде организиран на 15.9.1995 во Куршумли ан. Во периодот што ќе следува групата повеќе ќе се сврти кон клупски настапи низ републиката оставајќи го главниот град по страна. Во последната година од работата на The Hip, на концертите во Куманово на „Гитаријада ’97“ и неколку дена претходно во Битола, во ноември 1996 година, како бас-гитарист се појавува Доне Скендеров (Green Grass Dreams). Последните пикови на бендот, се неколку фестивалски настапи, роденденот на музичкото радио „Канал 103“ во МКЦ во Скопје, второто издание на „Летен Рок Фестивал ‘96“ (22 јуни) во Куманово, гости на кумановската „Гитаријада ‘97“ (25 јануари) и на 28 јуни 1997 година, како гости на „Тиквеш Рок Фест“ во Кавадраци. Ова ќе биде и последниот настап на The Hip. Во овој период групата ќе ги направи и последните две студиски снимки, Predator и Missile mind. Есента 1997 година бендот престанува со работа. Паузата ќе трае сè до 2000 година. Во мај, ненадејно, The Hip одржува концерт во Куманово под покровителство на Училиштето за странски јазици „ABC“. На тој концерт групата ќе се претстави со нови песни. Покрај Сале, во новата постава на The Hip ќе биде вклучен и Горан Стојменовиќ, кој уште во 1996 година го замени Миќо Илиќ на бас-гитарата, но во новата постава ќе биде втор гитарист и повремен пејач. Нов басист ќе биде Влатко Христов, кој како најмлад ќе ја донесе неопходна свежина во бендот и кој заедно со Горан ќе учествува во компонирањето на добар дел од новиот материјал. Вториот албум повторно го продуцира Владимир Каевски, а дел од материјалот што го снимаат во живо е продуциран од страна на Сеад Хаџиќ-Сецко (Mooger Fooger). Во февруари 2001 година, групата со изнајмена опрема, во живо, сними 7 песни, во киното во Автокоманда. Албумот со име Reality Overdrive ќе го објави „Avalon Production“ во 2002 година. За првпат во својата кариера The Hip ќе оствари и соработка на една тема, во случајот со еден нејзин фан од минатото, поп-пејачката Кристина Арнаудова. За разлика од својот претходник, Reality Overdrive нуди пософистициран и помалку комуникативен музички израз. The Hip овде е со амбиција да експериментира, а не да го гази патот кон популарноста и притоа да прави компромиси. Суштината на албумот ја чинат колажи на музички, филмски и литературни цитати склопени во форма на филозофско-спиритуелна и психоделична сеанса. Како промоција на овој материјал, „Avalon Production“ ќе го вброи бендот во листата на учесници на нивниот фестивал „Скопје Гори 2002“ (22 мај), овозможувајќи му да настапи на иста сцена со еден од своите идоли, „Echo And The Bunnyman“. На овој настап ќе се забележи дека The Hip, без помош на Горан Стојменовиќ (се сели во Белгија), реално нема веќе капацитет за да продолжи понатаму. Втората гитара на овој настап ја свири Никола Радуловиќ. Последниот концерт што ќе го отсвират членовите на бендот ќе биде мошне симболичен за нив, еден вид искажување почит кон публиката и воопшто македонската сцена. И тие ќе бидат дел од големата екипа на македонски бендови што преку концерт на популарната Школка во Градски парк („Не убивајте ја Стотројка!“, 19.4.2003) ќе го поддржат музичкото радио „Канал 103“ во неговата борба за опстојување во етерот. Втор гитарист во бендот ќе биде Ивица Димитријевиќ (Т.Б. Трачери). Не долго потоа членовите на бендот едноставно ќе се разотидат низ светот. Сале ќе замине за Австралија, Горан е веќе во Белгија, Мичо за Шведска, а тапанарот Горан за Катар. Во 2013 година, еден од фановите на бендот, режисерот Јане Алтипармаков ќе започне со реализација на документарен филм за бендот. Во склоп на проектот тој, заедно со Љубиша Петрушевски, ќе создаде и видеопрезентација на комплетниот опус на групата. Акцентот е ставен на вториот албум, кој е концептуализиран во една спрега на визуелен, поетски и музички меланж, одразувајќи ја на таков начин подлабоката филозофија на The Hip.
Дискографија:
V.A. - Dossier Page 1 / No fun / MC / Corpus Delicti Records, 1994
Songs About Books And Flowers / MC / Trot, 1994
V.A. - Македонски Документ 2 / U.F.O. / CD / Trot, 1995
V.A. - 14 Песни За Ушко / Brainstorm / CD / Trot, 1995
V.A. - Летен Рок Фестивал ‘95 / Life in death / MC / РТК, 1995
V.A. - Летен Рок Фестивал ‘95 / Misty morning; Life in death / VHS / РТК, 1995
V.A. - 103 Live / Life is death / MC / Our Sound, 1996
V.A. - Strange Sounds / Not right / MC / Corpus Delicti Records, 1999
V.A. - Promotional Copy-Not For Sale / U.F.O. / MC / Corpus Delicti Records, 2000
Reality Overdrive / CD + Book / Avalon Production, 2002
Reality Overdrive / DVD / PMG Recordings, 2015