Дуфски Водопад

водопад во Македонија
(Пренасочено од Дуфски водопад)

41°36′11.9″N 20°35′41.4″E / 41.603306° СГШ; 20.594833° ИГД / 41.603306; 20.594833

Дуфски Водопад

Дуфскиот Водопадводопад по течението на Ростушка Река, во близината на селото Ростуше. Водопадот е висок околу 23,5 м.

Местоположба и одлики

уреди

Водопадот се наоѓа во близината на селото Ростуше, на падините на планината Крчин, каде што е сместен во густа шума. Тој претставува ерозивен водопад кој е создаден како последица на регресивното всекување на речното корито на Ростушка Река. Според геолошката структура, најзастапени се карбонатните карпи. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 23,5 м, а подинскиот дел содржи џиновски лонец. Водопадот е полноводен во текот на целата година, при што протокот е двојно поголем во текот на зимата, а во просек изнесува околу 90 л/с.[1]

Пристап

уреди

Водопадот се наоѓа на леснодостапно место и за да се дојде до него не е потребен голем физички напор. До него води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри, така што, доколку се пешачи со просечно темпо, до водопадот се пристигнува за половина час. Од половина пат, патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа в одопадот, скриен позади карпите, со висина над 25 метри. На местото е поставена алпинистичка опрема со која посетителите може да се искачат по карпите што го обиколуваат водопадот. За посета на оваа природна знаменитост се наплаќа влезница од 50 денари, со која се добива и брошура за водопадот, како и услуга од туристички водич.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 159. Посетено на 23 август 2018.
  2. „Водопад Дуф, Ростуше“. Економија и Бизнис. Година 16, број 180, јуни 2013, стр. 87.

Надворешни врски

уреди