Друштво „Градска мисија“

Друштво „Градска мисија“ (англиски: City Mission Society) ― агенција за социјална правда основана во 1816 година од конгрегациите на Старата јужна црква и Црквата на „Парковска улица“ со мисија да им служи на урбаните сиромашни во метрополски Бостон, Масачусетс.

Скоро 200 години, Друштвото „Градска мисија било странка во воспоставувањето на програми кои им служат на децата и семејствата и помогнало да бидат основани неколку сега независни училишта и агенции за социјални услуги. Денес, друштвото обезбедува услуги на повеќе од 3000 поединци во облик на образование, застапување и директна помош. Организацијата работи со урбаната младина, семејства, собири и затвореници.

Надворешни врски уреди