Дружината на Перо Џумката (филм)

„Дружината на Перо Џумката“ (хрватски: Družba Pere Kvržice) — филм на режисерот Владимир Тадеј од 1970 година. Главните улоги ги играат: Младен Васарy, Предраг Вуковиќ, Берислав Кокот, Борис Вујовиќ и Борис Дворник.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот се прикажуваат доживувањата на група селски деца, предводени од Перо Џумката, најспособниот и најснаодливиот меѓу нив. Тие добиваат идеја да ги обноват старата селска воденица и малото езеро крај селото. Секако, сето тоа го извршуваат во најголема тајност, зашто сакаат да им приредат изненадување на старите. Работејќи на остварувањето на својата идеја, тие истовремено си обезбедуваат голема забава во текот на летото. Откако успешно ја завршуваат замислената работа, на Перо му паѓа на памет идеја за следната авантура...

Наводи

уреди