„Другиот“ (англиски: The Other) – филм на режисерот Роберт Малиган (Robert Mulligan) од 1972 година. Филмот е снимен според истоимениот роман на Томас Трајон (Tom Tryon), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Ута Хаген (Uta Hagen), Дајана Мулдаур (Diana Muldaur), Крис Удварноки (Chris Udvarnoky) и Мартин Удварноки (Martin Udvarnoky).[1]

Синопсис

уреди

По смртта на татко им, двајца браќа-близнаци го минуваат летото играјќи на фармата, додека нивната мајка жали за сопругот. Едниот брат, Холанд е немирен, а Најлс е тивок и повлечен. Нивната баба Ада го научила Најлс да влегува во умот на луѓето и на животните. На почетокот, за Најлс тоа е само безопасна игра, но откако на семејството и пријателите им се случуваат неколку трагедии, Ада ја наслутува причината...

Наводи

уреди
  1. Onaj drugi, američki film - Treća strava (пристапено на 12.5.2022)