Древната Египетска религија

Древната Египетска религија е сложен систем од политеистички верувања и ритуали кои се важен дел од древното египетско општество. Се стреми кон објаснување на египетските врски со мноштвото од богови кои се верува дека биле присутни и управувани од силите и елементите на природата. Митовите за овие богови постојат за да го објаснат потеклото и значењето на силите кои ги претставуваат и обичаите на Египетската религија и се стремат кон создавање за боговите и добивање на нивната услуга.

Религиската теорија се фокусира на фараонот, кралот на Египет. Иако тој бил човек, постоело верување дека фараонот е избран од боговите. Тој претставувал средина меѓу неговите луѓе и боговите и требал да ги пренесе боговите преку ритуали и обичаи за да можат да го одржат редот во универзумот. За таа изведба, државата посветувала огромни извори на овие ритуали и изградбата на гробови каде што тие биле сместени. Поединците исто така можеле да се обратат кон боговите и за свои лични потреби, барајќи помош преку молитва или да дејствуваат преку магија. Овие познати религиски обичаи биле различни од, но блиску поврзани со, формалните обичаи и институции. Познатата религиска традиција значително се зголемила во Египетската историја како што опаѓал статусот на фараонот. Друг важен поглед во религијата бил верувањето во задгробен живот и погребни обичаи. Еѓипќаните се труделе да го осигураат опстанокот на нивните души после смртта, купување на гробови, гробни богови и понуди за зачувување на телата и духовите од изчезнување.

Религијата ги поставила своите корени во Египетската праисторија и траела повеќе од 3 000 години. Деталите за религиските верувања се менувале со тек на време и значењето на одредени богови се зголемувало и намалувало и растеле нивните заплеткани врски. Во различни времиња некои богови станале подоминантни од другите, вклучувајќи го богот на сонцето Ра, создавачкиот бог Амун и мајката божица Изида. За многу краток период, абнормалната теологија го распространува фараонот Акенатан, бог- единец, кој го заменил традиционалниот бог Атен. Целокупниот систем постоел дури и во периоди под надворешни управувања, сè до појавата на христијанството во раните векови на новото столетие. Зад себе оставил бројни религиозни писатели и моменти заедно со важни културни влијанија како што се модерните и древните.

Теологија

Дополнителна информација Египетскиот пантеон

Еѓипќаните немале посебен термин за “религија“, иако религијата зазема голем дел во нивната култура. Нивната религија не била монолистичка интитуција, но била широка разновидност од различни верувања и обичаи поврзана од нивните заеднички цели на врската меѓу луѓето и бежественото кралство. Боговите кои ги населуваа овие кралства биле поврзани со Еѓипетското разбирање на светот.

Божества

Еѓипќаните верувале дека феноменот на природата се божјите сили во и надвор од нив. Овие сили ги вклучуваат елементите, животинските одлики или абстрактните сили. Еѓипќаните верувале во пантеон од богови, кои биле вклучени во сите погледи на природата и човечкото општество. Нивните религиозни обичаи претставувале напори да го одржуваат овој феномен и да го претворат во човечки предизвик. Овој, политеистички систем бил многу сложен, како што се верува дека некои божества постојат во други облици, а некои имаат разновидни митолошки улоги. Во спротивно, многу природни сили, како што е сонцето биле придружени со повеќе божества. Обратниот пантеон назначен од боговите имал важни улоги во универзумот за да ги заштити божествата од демони со многу ограничени или локализирани функции. Може да вклучува богови посвоени од другите култури и понекогаш дури и луѓе, постоечките фараони се верува дека се божествени и прилично, исчезнатите обични луѓе како Имфотеп исто така станале обожувани.

Појавата на боговите во уметноста не е со намера да предизвика литературни презентации за тоа како боговите можат да се појават ако се видливи, како што вистинската природа на боговите се верува дека е мистерија. Наспроти, овие описи постојат во познати форми на апстрактните божества преку употребување на симболични слики за претставување на улогата на боговите во природата. Па така, на пример, гробниот бог Анубис бил претставен како слуга, суштество чии мршојадни навики му се закануваа на постоењето на телото, во обид да ја предвиви оваа закана и да постави заштита. Неговата црна кожа е симболична со бојата на кожата на мумијата и црната почва која Еѓипќаните ја гледаа како симбол на воскреснување. Како и да е, оваа иконографија не била фиксирана и многу богови можеле да се појават во повеќе форми.

Многу богови се поврзуваат со одредени предели во Египет каде што нивните култови се најважни. Овие поврзувања се менуваат со текот на времето и тие ненамерно покажуваат дека богот што е поврзан со едно место, всушност и од таму потекнува. На пример, богот Монту бил газда на градот Тибет. Во Средното Кралство,Амун го заменил во таа улога, која можеби се појавила насекаде. Народот и значењето на поединечните богови варирала на сличен начин.

Здружување на божествата

Египетските богови имале сложени меѓусебни врски, коишто делумно ја манифестираа врската на силите кои ги претставуваа. Еѓипќаните често ги групирале боговите заедно за да ги претстават овие врски. Некои групи божества имале непроценлива големина и се поврзувале со нивните слични функции. Најчесто овие божества имале мал поединечен идентитет. Други здруженија се поврзувале со независните божества врз основа на симболичното значење на бројот во Египетската митологија,како на пример, паровите од божества најчесто ја претставуваат двојноста на спротивниот феномен. Една од најчестите комбинации била семејно племе од татко, мајка и дете кои заедно покажувале наклонетост. Некои групи се од широко значење. Една таква група, Енид, здружила девет божества во еден теолошки систем кој бил вклучен во митолошките сфери на креативноста, водството и задгробниот живот.

Врската меѓу божествата исто така може да биде изразена во процесот синкретизам, каде што две или повеќе различни божества се здружувале за да формираат едно божество. Овој процес бил признание за присуството на еден бог ’во’ друг, каде вториот бог ја презема улогата која му припаѓа на првиот. Овие врски меѓу божествата биле непостојани и не го претставувале моменталното спојување на два бога во еден, затоа некои богови можеле да развијат повеќекратни синкретички врски. Понекогаш синкретизмот комбинирал божества со многу слични одлики. Во други времиња, вклучувал богови со различни карактери, како кога Амун, богот на скриената моќ, бил поврзан со Ра, богот на сонцето. Добиениот бог Амун- Ра исто така ги соединил силите кои заостанувале зад сите нешта со најдобрите и највидливите сили во природата.

Обединувачки тенденции

На многу божества може да им се даде епитетот дека тие изгледа иницирале дека се подобри од било кој друг бог, предложувајќи некаков вид на заедница позади мноштвото на природни сили. Во главно, ова е вистинито за неколку богови кои, во некои времиња во историјата, имале најголемо значење во Египетската религија. Овде е вклучен кралскиот господар Хор, богот на сонцето Ра и мајката божаица Изида. За време на Новото Кралство, богот Амун ја поседувал оваа позиција. Теологијата за периодот објаснет во определеното присуство на Амун и власта на сите нешта, така да тој, повеќе од кое било друго божество, ја изразува целосно опфатената моќ на божеството.

Како последица на теолошките изјави како овие, многу Еѓиптологисти од минатото како Сигфрид Моренц, верувале дека позади политеистичките традиции на Египетската религија постои зголемено верување во заедницата на божеството, водејќи кон монотеизам. Примери во Египетската религија каде што Бог е споменат без значење во било кое божество, изгледа дека на ова гледиште му придава големо значење. Како и да е, во 1971 година Ерик Хорнунг нагласи дека каректеристиките на врховното суштество можат да се назначат на многу различни богови, дури и во периоди кога доминираат и други богови и подетално разгледани дека особините на недифиниран “Бог“ постојат за да се нагласи флексибилноста во било кое божество. Тој исто така напомена дека, додека некои поединци можеби хенотеистички избрале еден бог за богослужение, Египетската религија како целина немала назив на божество кое било вклучено под мнозинството божества. Но двобојот не завршил таму. Жан Асман и Џејмс П. Ален уште оттогаш тврделе дека Еѓипќаните до некој степен признаваат една божествена сила. Од страна на Ален, називот за недифинираната божествена заедница постоела исклучиво во политеистичката традиција. Постои можност дека само Египетските теологисти целосно ја препознаваат оваа заедница, но исто така постои можност дека обичните Египќани ја идентификувале единствената божествена сила со еден бог во одредени ситуации.

Атенизам

Главен дел- Атенизам

Еѓипќаните имале период на вистински монотеизам за време на Новото Кралство, во кое фараонот Акенатан го забранил владеењето на други богови во придонес на богот Атен. Ова најчесто се смета за првата појава на вистински монотеизам во историјата, исто така и деталите за Атенистичката теологија се сè уште непознати. Исфрлувањето на се друго освен еден бог претставувал брз почеток за Египетската традиција и некои го сметаат Акенатан за практикант на монолатријата повеќе од монотеизмот, како што тој ретко го порекнуваше постоењето на други богови и едноставно се воздржуваше од богослужење на било кој бог освен Атен. Под успесителите на Акенатан, Египет се навраќал на својата традиција и самиот Акенатан бил прогласен за кривоверник.

Космологија

Египетскиот концепт на универзумот се фокусирал на ’маат’, збор кој има неколку значења на англиски, вклучувајќи “вистина“, “правда“ и “ред’. Претставувал фиксиран, проширен ред на универзумот, како и во космосот така и во човечкото општество. Зборот постоел уште од создавањето на светот и без него светот би го загубил своето значење. Во египетското верување, на “маат“ постојано му се заканувале силите на безредието, па затоа се бара од целото општество да го одржува. На човечко ниво ова значи дека сите членови на општеството треба да соработуваат и да живеат заеднички живот, на космичко ниво тоа значи дека сите сили на природата- боговите- треба да продолжат да функционираат избалансирано. Споменатата цел заземала централна улога во Египетската религија. Еѓипќаните се бореле да го одржуваат “маат“ во космосот преку одржување на боговите преку понуди како и преку изведбата на ритуали коишто го одбегнувале безредието и ги пренесувале движењата на природата.

Најважниот дел во Египетскиот поглед за космосот бил концептот на времето, коишто се грижел за одржувањето на “маат“. Преку линеарниот пат на времето, се повторувале циклични движења, во кои “маат“ бил обновен од периодични моменти кои ја претставувале изворната творба. Меѓу овие настани се наоѓала и поплавата на Нил и успехот на еден бог во друг, но најважниот претставувал дневното патување на богот на сонцето Ра.

Набљудувајќи дел од космосот, Еѓипќаните ја гледале земјата како земјишно пространство, претставена од Богот Геб, над кој владеела небесната божица Нат. Овие двајца биле разделени од Шу, богот на воздухот. Внатрешноста на земјата криела паралелно подземен свет и поднебје,а под небесната шир се простирала бескрајната широчина на Ну, хаосот кој постоел пред создавањето. Еѓипќаните исто така верувале во местото наречено Дуат, мистериозен предел бил придружен со смрт и преродба, коишто може да се најде во подземниот свет или на небото. Секој ден Богот Ра патувал насекаде во светот преку страната на небото и за да се роди повторно на изгрејсонцето, во текот на ноќта, тој поминувал преку Дуат.

Според Египетското верување, космосот е населен од три вида на суштества способни да чувствуваат. Едни биле боговите, други биле духовите на покојните луѓе кои постоеле во божествата и поседувале многу божји способности. Живите луѓе се третатта категорија и најважниот меѓу нив е фараонот кој го одделувал човештвото од божествата.

Божествениот фараон

Еѓиптологистите многу долго имале расправии за признанието кое го назначува фараонот за Бог. Изгледа дека Еѓипќаните го сметале кралскиот авторитет за божествена сила. Па така, иако Еѓипќаните признавале дека фараонот е човек и предмет на човечката слабост, тие истовремено го сметале за бог, затоа што божесвената моќ на владеењето се инкарнирала во него. Тој исто така дејствувал како средина меѓу Еѓипетските луѓе и боговите. Го одржувал “маат“-тот, преку одржување на правдата и хармонијата во човечкото општество и поддржувајќи ги боговите со храмови и принесување на жртви. Како последица на овие причини, тој ја набљудувал целата државно- религиозна активност. Како и да е, влијанието на вистинскиот живот на фараонот и престижот се разликува од она запишаното во официјалните записи и цртежи и почнувајќи во доцното Ново Кралство неговото религиско значење се намалило драстично.

Кралот бил исто така придружуван со многу специфични божества. Тој бил идентификуван директно со Богот Хор, кој самиот го претставувал владеењето и се сметал за син на Ра, кој управувал и ја регулирал природата како што фараонот управувал и го регулирал општеството. Во Новото Кралство тој бил исто така придружуван со Амун, примарната сила во космосот. По неговата смрт, кралот станал целосно заборавен. Во оваа држава, тој бил директно споредуван со Ра и исто така бил придружен со Озирис, Богот на смртта и преродбата и митолошкиот татко на Хор. Многу смртни храмови биле посветени на прогласувањето на починатите фараони во богови.

Живот после смртта

Еѓипќаните имале разработени верувања за смртта и животот после смртта. Тие верувале дека луѓето поседувале ’ка’ или животна сила, која го напушта телото во моментот на смртта. Во животот, ’ка’-та ја добива својата хранливост од храната и пијалакот, па затоа се верувало дека, за да постои и после смртта, ’ка’ мора да продолжи да прима жртви од храна, чие духовно присуство може сè уште да се прима. Секој човек исто така поседувал и ’ба’, склоп на духовни одлики кои се уникатни за секој поединец. За разлика од ’ка’, присуството на ’ба’ во телото останувало и после смртта. Еѓипетските погребни ритуали биле наменети за ослободувањето на ’ба’ од телото за да може да продолжи слободно и да се придружи со ’ка’ за да продолжи да живее како ’ак’. Како и да е, исто така било важно дека телото на покојниот биде зачувано, како што Еѓипќаните верувале дека ’ба’ се враќа во нивното тело секоја вечер за да прими нов живот, пред појавувањето во утринските часови како ’ак’.

Впрочем, Еѓипќаните цврсто верувале дека само фараонот има ба и само тој може да стане едно со боговите, надојдените починати преминувале во темнината, бледа слика која го претставувала спротивното од животот. Свештениците добивале гробови и изворите за нивното одржување како дарови од кралот и нивната способност да влезат во животот после смртта се верувало дека е благодарение на овие кралски услуги. Во раните времиња, постоело верување дека, покојниот фараон изчезнува во небото и живее меѓу ѕвездите. За време на постоењето на Старото Кралство, впрочем, тој излезе дека е поблиску придружен со дневната преродба на Богот на сонцето Ра и заедно со подземниот владетел Озирис тие божества станале поважни.


За време на доцното Старо Кралство и Првиот Среден Период, Еѓипќаните постепено почнале да веруваат дека присуството на „ба“ и можноста за парадиксалниот живот после смртта е присутен кај сите. Во целосно развиените верувања во Новото Кралство, душата треба да избегне разни натприродни опасности во Дуат, пред претрпувањето на судниот ден познат како “ Измачување на срцето“. Во овој суд, боговите ги споредуваат акциите на починатите додека живите ( симболизирани со срцето) со „маат“, за да одлучат дали тој или таа се однесуваат според правилата на „маат“. Ако починатиот бил вреден за да му се суди, неговиот или неговата „ка“ и „ба“ се соединувале во „ак“. Постојат неколку верувања за правецот на движење на „ак“. Честопати, починатите постоеле во божеството на Осирис, раскошна и пријатна земја во подземниот свет. Сончевата визија на подземниот свет, во која душата на починатите патува со богот Ра во неговото дневно патување, отпрвин сè уште се придружувала со кралство, но исто така можела да биде проширена и кај други луѓе. За време на истражувањата во Средните и Новите кралства, верувањето дека „ак“ може да патува во светот на живите и до некој степен извонредно влијае на настаните кои се случуваат таму, значително се распространил.

Записи

Додека Еѓипќаните немале дефинирани религиски свети книги, тие создавале многу религиски записи од различни видови. Склопени, неспоредливите текстови создавале многу проширено, но сè уште нецелосно разбирање на Еѓипетските религиски обичаи и верувања.

Митологија

Египетските митови се метафорични приказни создадени со цел да ги покажат и да ги објаснат делата и улогите на боговите во природата. Деталите за настаните кои ги вбројувале, можеле да се променат сè додека го поседуваат истото симболично значење, па така многу митови постојат во различни и конфликтни верзии. Митските раскази ретко се запишувани целосно и многу често текстовите содржале само епизоди од, или алузии во еден поголем мит. Знаењето за Египетската митологија, е најмногу пренесувана од химни кои ги објаснуваат улогите на специфични божества, од традиционални и магични текстови коишто објаснуваат дела поврзани со митските настани и од погребните текстови коишто ги споменуваат улогите на многу божества во задгробниот живот. Некои информации се исто така добиени од алузиите во световните текстови. Најпосле, Грците и Романците како што е Плутарх снимиле некои постоечки митови доцна во Египетката историја.

Меѓу значајните Египетски митови се наоѓале и оние создавачките. Според овие приказни, светот се појавил како сува вселена во најстариот океан на хаосот. Затоа што сонцето е заслужно за живот на планетата, првото издигнување на Ра го обележал моментот од ова појавување. Различни форми на овој мит го опишуваат процесот на создавање на различни начини, трансформација на најстариот бог Атум во елементи кои го формираат светот, како што креативниот говор на интелектуалниот бог Та и како дело на скриената моќ на Амун. И покрај овие варирања, чинот на создавање го покажувал објавувањето на маат и рецептот за последователните временски кругови.

Најважен од сите Египетски митови бил митот за Озирис и Изида. Раскажува за божествениот владетел Озирис, кој го убил неговиот љубоморен брат Сет, бог кој честопати се споредувал со хаосот. Сестрата и сопругата на Озирис, повторно го назначила за да може тој да добие наследство, Хор. Тогаш, Озирис влегол во подземниот свет и станал владетел на смртта. Кога еднаш се истакнал, Хор се борел и го победил Сет за тој самиот да стане крал. Споредбата со Сет со хаосот и именувањето на Озирис и Хор како вистински владетели, овозможила причина за фараонски успех и ги прикажале фараоните како одржувачи на редот. Во исто време, смртта и преродбата на Озирис се поврзувале со Египетскиот земјоделски круг, во кој житните растенија растеле во почетокот на поплавата на реката Нил и создале шаблон за опстојување на човечките души и после смртта.

Друг важен митски мотив е патувањето на Ра преку Дуат секоја вечер. Во правецот на ова патување, Ра се сретнал со Озирис, кој повторно се однесувал како агент на обновувањето, за да се обнови неговиот. Тој исто така секоја вечер војувал со Апеп, бог кој го претставувал хаосот. Поразот на Апеп и средбата со Озирис го обезбедила изгрејсонцето следното утро, настан кој ја претставувала преродбата и победата на редот врз хаосот.

Традиционални и магични текстови

Процедурите за религиозни ритуали често се пишувале на хартија, кои се употребувале како инструкции за оние кои ги изведуваат ритуалите. Овие ритуални текстови биле чувани главно во гробните библиотеки. И самите гробови исто така се опишувале во таков вид на текстови, често придружувани со слики. Не како ритуалните папири, овие записи биле наменети за инструкции, но биле наменети за симболично прикажување на ритуалите иако, во реалноста, луѓето престанале да ги изведуваат. Магичните текстови ги опишуваат ритуалите, иако овие ритуали се дел од маѓиите употребувани за специјални цели во животот. И покрај нивните секојдневни цели, многу од овие текстови исто така потекнуваат од гробните библиотеки и подоцна се распространувале меѓу народот.

Химни и молитви

Еѓипќаните создавале многубројни молитви и химни, напишани во форма на поезија. Химните и молитвите ја имале сличната структура и изчезнале главно од намерите за кои служеле. Химните се пишувале за да се величат одредени божества. Како ритуалните текстови, тие се пишувале на папир и на гробните ѕидови и најверојатно се рецитирале како дел од ритуалите кои се придружувале со гробните натписи. Повеќето од нив се подредени според поставената литературна формула, создадена да ја разјаснува природата, гледиштата и митолошките функции на даденото божество. Тие се стремеле експлицитно да зборуваат повеќе за основната теологија отколку за Египетските религиозни записи и станале многу значајни во Новото Кралство, период на теолошка расправија. Молителите го следеле истиот начин како химните, но му се обраќале на назначениот Бог на поличен начин, барајќи благословување, помош или прошка за гревовите. Таквите молители се ретки пред Новото Кралство, докажувајќи дека во раните периоди како директната лична врска со едно божество не е возможно, или е помалку можно да се изразат во пишување. Главно се познати од натписите на статуетите и ’стелае’ останал во светите места како што и избираните жртви.

Погребни текстови

Меѓу најзначајните и најконтроверзните Египетски записи се погребните текстови, создадени за осигурување дека починатите души постигнале пријатен задгробен живот. Најраните меѓу овие се Текстовите за Пирамидите, најстарите религиозни записи во светот. Тие се ендемска колекција на стотици маѓии напишани на ѕидовите на кралските пирамиди за време на Старото Кралство, со намера магично да му овозможат на кралот да ужива во задгробниот живот заедно со другите богови. Магиите се појавуваат во различни подготовки и комбинации и некои од нив се појавуваат на сите пирамиди.

На крајот од Старото Кралство нов симбол на погребни магии, којшто вклучувале материјал од Текстовите за Пирамидите, започнал да се појавува во гробовите, најпрвин запишан на ковчезите. Оваа колекција записи е позната како „Текстови на ковчег“ и не биле наменети за кралството, туку се појавиле на гробовите на не-кралските суштества. Во Новото Кралство, неколку нови погребни текстови се појавиле, од кои најпознат е ’’ Книгата за смртта“. Различно од поранешните книги, таа често содржела проширени илустрации, или литературни портрети. Книгата се копирала на папири и се продавала на обичните луѓе за да биде сместена во нивните гробови.

Текстовите пишувани на ковчези вклучувале оддели со детални описи на подземниот свет и инструкции како да се надминат нивните опасности. Во Новото Кралство овие материјали помогнале во истакнувањето на неколку “ книги на нискиот свет’’, вклучувајќи ја „ Книгата за портите“ и „ Книгата за пештерите“ и „ Амдуат“. За разлика од колекцијата магии, овие нискоземјишни книги се структурирани цртежи на патот на Ра низ Дуат и по аналогија, патот на починатата човечка душа низ божеството на починатите. Тие биле всушност забранети за фараонските гробови, но во Третиот Среден Период нивната употреба се проширила.

Гробници

Гробниците постоеле уште од почетокот на Египетската историја и во напредокот, цивилизацијата била присутна во повеќе градови. Тие вклучувале и капели за да им служат на духовите на починатите фараони и гробници наменети за владетелските богови, иако разликата била нејасна затоа што богословието и кралството биле толку близу испреплетени. Гробниците не биле првично создадени како места за богослужба на поголемата популација и обичните луѓе имале свои сложени постави на религиски обреди. Напротив, државните гробниците биле куќи за боговите во кои физичките слики коишто служеле како нивни посредници биле згрижени и овозможени со жртви. Постоело верување дека оваа служба е неопходна за да се почитуваат боговите, па така за возврат тие го одржувале самиот универзум. Затоа, гробниците се центар во Египетското општество и многу извори се посветени за нивното постоење, вклучувајќи ги донациите од монархијата и огромни нивни имоти. Фараоните често се ослободувале себеси како дел од нивната обврска да ги почитуваат боговите, така што многу гробници се зголемиле во огромна мера. Впрочем, сите богови немале гробници кои им биле посветени, како што многу богови кои биле важни во официјалната теологија примиле само минимално богопочитување и многу фараони- сопственици биле централно почитувани отколку погребните ритуали.

Најстарите Египетски гробници се мали, непостојани структури, но за време на Старите и Средните Кралства нивните дизајни станале повеќе познати и тие значително почнале да се градат од камен. Во Новото Кралство, се појавила основна форма на гробница, развиена од обичните елементи на гробниците во Старото и Средното Кралство. Со измени, од тогаш па натаму, овој план се употребувал за изградбата на повеќето гробници и повеќето од оние коишто постојат денес се придружувале кон тој план. По вообичаениот план, гробницата се градела на централен процедурален начин низ серија седници и ходници до капелата која содржела статуа на богот на гробницата. Пристапот до овој таен дел од гробницата бил забранет за фараонот и за највисоките ранкирани свештеници. Патот од влезот на гробницата до капелата се сметал за пат од реалниот, човечкиот свет до божествениот, поглед објаснет во сложениот митолошки симболизам присутен во гробната архитектура. Веднаш под градбата на гробницата се наоѓал најоддалечениот ѕид. Во просторот меѓу двете поставени дополнителни градби, вклучувајќи ги работниците и складиштата, се наоѓале потребите за гробницата и библиотека каде што се чувале тајните записи на гробницата и ендемските податоци на хартија и којшто исто така служел и како центар за учење на повеќето предмети.

Според историјата, должноста на фараонот е да ги исполни погребните ритуали, бидејќи тој е официјалниот претставник на боговите. Во реалноста, ритуалните должности ги изведувал свештеник. За време на Старото и Средното Кралство, не постоела одделна класа на свештеници, наспроти, многу службеници на владата кои служеле во оваа положба надвор од годината пред да се вратат на своите официјални должности. Само во Новото Кралство се проширило професионалното свештенство како и повеќето пониско ранкирани свештеници кои сè уште биле привремени. Сите биле вработени од државата и фараонот го имал последниот збор за нивните назначувања. Како и да е, со зголемувањето на богатството на гробниците, влијанието на нивните свештеници се зголемувало сè додека не го надминало фараоновото. Во политичките рамки на Третиот Период, највисоките свештеници на Амун во Карнак дури станале и ефективни владетели на Високиот Египет. Во склоп на гробницата се наоѓале и други луѓе освен свештениците како што се музичарите и црковни пејачи на погребни церемонии. Надвор од гробницата се наоѓале занаетчии и други работници кои помагале во подготвувањето на гробницата, како и фармери кои работеле на земјиштето на гробницата. Сите биле платени делови од приходот на гробницата. Поголемите гробници биле исто така многу важни центри на економска активност, понекогаш вработувајќи и повеќе од илјада луѓе.

Официјални ритуали и фестивали

Државните религиски вежби вклучуваат погребни ритуали вклучени во култот на божеството и церемонии посветени на кралското божество. Меѓу споменатите биле крунисувачките церемонии и ’сед’ фестивали, ритуалско обновување на силата на фараонот која последователно заземала место во и за време на крунисувањето. Постоеле бројни погребни ритуали вклучувајќи погребни обреди низ државата и погребни обреди ограничени на една гробница или на гробницата на еднинствениот бог. Некои се изведувале дење, додека некои се изведувале во ретки прилики. Најчестиот погребен ритуал е утринската церемонија на принесување на жртва која се изведувала преку ден во гробниците низ Египет. Во неа, високо ранкираниот свештеник или на одредени прилики и фараонот, ја миел, помазувал и соодветно ја облекувал божјата статуа пред да и биде приложена жртвена храна. Потоа, кога богот го примил духовното присуство од жртвите, самите предмети се одземале за да се поделат меѓу свештениците.

Помалку познатите погребни ритуали, или фестивали, сè уште се многубројни со дусини кои се појавувале секоја година. Овие фестивали честопати вклучувале дејства помали од вообичаените принесувања на жртви на боговите, како што се повторните воведувања на одредени митови или симболичните разурнувања на силите на нередот. Повеќето од овие настани најверојатно ги славеле само свештениците и се одржувале само во гробниците. Затоа, најважните фестивали во гробниците, како што е фестивалот „Опет“ кој се славел во Карнак, обично вклучувал процес кој ја изнесувал сликата на богот надвор од гробницата во модел на брод за да посети други важни страни како што е гробницата на соодветното божество. Обичните луѓе се собирале за да го гледаат ритуалот и понекогаш добивале и порции од необичните големи жртви кои се давале на боговите за време на ваквите прилики.

Животински култови

Во многу свети страни, Египќаните богопочитувале поединечни животни коишто верувале дека се претставници на одредени божества. Овие животни се избирале врз основа на посебни свети обележја кои се верувало дека се соодветни за таа улога. Некои од овие култни животни ги задржувале своите позиции до крајот на својот живот, како што е богопочитувањето на Апис бул во Мемфис како манифестација на Птах. Другите животни се избирале за многу пократок период. Овие култови, подоцна станале многу популарни и многу гробници започнале да издигнуваат резерви на такви животни од кои се избира нова божествена манифестација. Одделна церемонија се развила во Дваесет и шестата династија кога луѓето почнуваат да ги муминираат членовите на одредени животински видови како жртва на боговите чиишто видови ги претставуваат. Милиони мумии на мачки, птици и други суштества се закопувале во гробниците за да им оддадат почит на Египетските божества. Богопочитувањето барало од свештениците на одредено божество да го опстојуваат и муминираат животното придружено на тоа божество и мумијата се поставувала во гробница близу до божјиот култен центар.

Пророштва

Египќаните употребувале пророштва за да побараат од боговите знаење или заштита. Египетските пророштва се познати главно од Новото Кралство и подоцна, па така тие најверојатно се појавиле многу порано. Луѓето од сите класи, вклучувајќи го и кралот, поставувале прашања за пророштва и посебно во доцното Ново Кралство нивните одговори можеле да се употребат за да се постават легални одговори или да се информираат кралските одлуки. Најчестите значења од посетување на пророштво е поставувањето прашање на божјата слика додека била пренесувана за време на фестивал и толкувањето на одговорот од бродските движења. Други методи вклучувале толкување на однесувањето на култните животни, цртање на група или обраќање на статуата во која главно зборувал свештеникот. Значењто од распознавањето на божјата волја дала големо влијание на свештениците кои зборувале за и ја пренесувале пораката на боговите.

Славната религија

Додека државните култови биле наменети да ја одржуваат стабилноста на Египетскиот свет, поединечни луѓе имале свои лични религиски вежби кои се однесувале повеќе на секојдневниот живот. Оваа славна религија оставила помалку докази од официјалните култови и затоа што овој доказ најмногу бил предизвикан од богатиот дел на Египетскиот народ ,кој не е сигурно до кое ниво, ги претставува вежбите на народите како целина.

Славните религиски вежби вклучуваат церемонии кои обележуваат важни промени во нивните животи. Овде се вклучуваат, раѓањето, поради опасноста вклучена во самиот процес, крштевање, затоа што името е значаен дел од идентитетот на една личност. Најважна од овие церемонии биле оние за смртта, затоа што тие го осигуруваат опстојувањето на душата после неа. Други религиски вежби се стремат да ја разоткријат желбата на богот или се во потрага по нивното знаење. Овде се вклучени толкувањата на соновите коишто можат да се сметат како пораки од божествениот свет и советување на пророштвата. Луѓето исто така се стремат да го наметнат однесувањето на богот во нивен интерес преку магичните ритуали.

Поединечните египќани исто така се молеле на боговите и приватно им оставале жртви. Доказот од овој вид на приватно богопочитување е испрекинат пред почетокот на Новото Кралство. Тоа најверојатно е последица на културните забрани на записите од некралските религиски активности, коишто се ослободиле за време на Средното и Новото Кралство. Личното богопочитување станало попознато доцна во Новото Кралство, кога се верувало дека боговите управуваат директно со поединечните животи, казнувајќи ги грешниците и зачувувајќи ги побожните од катастрофи. Официјалните гробници се важни места за приватни молитви и принесување на жртва, иако нивните централни активности биле близу до неуки луѓе. Египќаните често ги донирале боговите за да им биде принесена жртва во божествената гробница и посветени предмети да бидат сместени во судските гробници. Честопати, се молеле лично пред статуетите на гробниците или во храмовите изградени за нивна лична употреба. Во склоп на гробниците, народот исто така употребувал одделни локални капели, помали но попристапни од формалните гробници. Овие капели биле многубројни и најверојатно изградени од членови на општините. Сопствениците на куќи исто така честопати имале свои мали храмови за да им пружат жртви на боговите или да ги закопуваат роднините.

Божествата биле презивани во овие случаи и се разликувале на некој начин од оние во центарот на државните култови. Многу од важните славни божества, како што е божицата на светлината Таверет и заштитникот на домот Бес, немале свои лични гробници. Како и да е многу други богови, вклучувајќи ги Амун и Озирис, биле многу важни во славната и официјалната рилигија. Некои поединци можеле да бидат посветени посебно само на еден бог. Тие честопати обожуваат божества кои припаѓале на нивниот регион или со нивната улога во животот. Богот Птах, за разлика, бил особено значаен во неговиот култен центар во Мемфис, но како господар на занаетчиите тој ја примил националната почит од сите во таа област.

Магија

Зборот „магија“ се употребувал за да се преведе Египетскиот термин ’хека’, што значи, како што поставува Џејмс П. Ален „ способноста да се направи нештата да се остварат преку индиректни значења “. Постоело верување дека хека е природна појава, силата употребена да го создаде универзумот и каде што боговите вработуваат за да ја обработат својата желба. Луѓето исто така можат да ја употребуваат а воедно и магиските обреди биле во тесна врска со религијата. Дури и регуларните ритуали изведени во гробниците всушност се сметале за магија. Поединци честопати применувале магии за свои лични потреби. Иако овие завршетоци можеле да бидат штетни за другите луѓе, ниедна форма на магијата не се сметала за непријателска. Напротив, магијата првично се сметала за начин на луѓето да ги спречат или да ги надминат негативните настани.

Магијата била блиска со свештенството. Затоа што гробните библиотеки содржеле многубројни магични текстови, големото магиско знаење се објаснувало на свештениците-лектори кои ги проучувале овие текстови. Овие свештеници честопати работеле надвор од нивните гробници, ослободувајќи ги своите магиски услуги на занаетчиите. Други професионалци исто така често ја вметнувале магијата како дел од нивната работа, вклучувајќи ги докторите, љубителите на скорпии како и творците на магиските амулети. Исто така е познато дека и селаните ја употребувале магијата за свои потреби, но бидејќи познавањето на магијата се пренесувало усно, постојат мали докази за нејзиното постоење.

Јазикот се споредувал со ’хека’, до оној степен кога Тот, богот на писменоста, понекогаш се именувал како изумител на хека. Па така, магијата често вклучувала пишувани или усни вражења кои се придружувале со ритуални движења. Најчесто овие ритуали ја повикувале моќта на одредено божество да ја изведе посакуваната точка, употребувајќи ја моќта на хека за да предизвика дејство. Понекогаш ова предизвикува изведување на учесникот или предметот на ритуалот во улогата на карактерот во митологијата, а воедно и го потикнува богот да дејстува кон човекот како што се случувало и во митот. Ритуалите исто така вклучуваат и симпатични магии, употребувајќи предмети коишто се верувало дека поседуваат важна сличност во предметот на обредот. Египќаните исто така често употребувале предмети кои се верува дека биле обземени од хека, како што се магично заштитните амулети освоени во огромен број од обичните Египќани.

Погребни ритуали

Затоа што се сметало како неопходно за опстанокот на душата, зачувувањето на телото е централен дел од египетските погребни ритуали. Познато е дека Египќаните ги закопувале своите тела во пустината, каде што временските услови го муминирале телото на природен начин. Во раниот период на Династија, впрочем, тие почнале да употребуваат ковчези за подобра заштита, па така телото се заштитувало од дехидрирачкиот ефект на песокот и претставувало предмет на природна појава. Па така, Египќаните ги развиле нивните балсамирачки процеси во којшто трупот бил вештачки сушен и смачкан за да биде сместен во неговиот ковчег. Квалитетот на процесот се однесувал на трошокот и оние коишто не можеле да го овозможат, телата на починатите ги погребувале во пустинските гробови.

Кога еднаш се завршувал муминирачкиот процес, мумијата се носела од домот на починатиот до гробот на погребен начин кој ги вклучувал најзините или неговите роднини и пријатели, заедно со група свештеници. Пред закопот овие свештеници изведувале неколку ритуали, вклучувајќи ја „ Церемонијата на отворањето на устата“ наменета за да го обнови чувството на починатиот и да му овозможи способност да може да прима жртви. Потоа мимијата се закопувала и гробот се запечатувал. Најпосле, роднините или најмените свештениците раздавале жртви со храна на починатиот во близина на смртната капела во точно определено време. Прекувремено, семејствата ги запоставувале жртвите наменети за поддалечните роднини, па затоа повеќето смртни култови траеле само една или две генерации. Додека траел култот, живите понекогаш пишувале писма барајќи од роднините на починатите да им помогнат, бидејќи верувале дека мртвите можат да влијаат на светот на живите како што правеле боговите.

Првите Египетски гробови се нарекувале мастабас, правоаголни структури изградени од тули каде што се закопувале кралевите и свештениците. Секој од нив содржел подземна погребна одаја и одделна одаја над земјата за погребни ритуали. Во Старото Кралство, мастаба се развивала во пирамида, којашто го симболизира праисторискиот куп на Египетски митови. Пирамидите биле резервирани за кралството и биле придружени од огромни гробници во самата основа. И во Средното Кралство фараоните продолжиле да градат пирамиди, но популарноста на мастаба ослабела. Зголемено, обичните луѓе со доволно значење се погребувале во карпести гробници во посебни капели во близина, факт кој е помалку значаен од кражба на една гробница. Во почетокот на Новото Кралство, дури и фараоните се погребувале во такви гробници и тие продолжиле да се употребуваат сè до самото пропаѓање на религијата.

Гробниците можеле да содржат други разновидни предмети, вклучувајќи статуи од починатите за да служат како предмет на телото во случај на оштета. Затоа што се верувало дека починатиот ќе треба да работи во неговиот задгробен живот, како и во животот, погребите вклучувале и мали модели на луѓе што работат на местото на починатиот. Гробовите на побогатите поединци можеле да содржат и мебел, облека и други секојдневни предмети наменети за секојдневниот живот, заедно со амулети и други предмети наменети да произведат магична заштита наспроти опасностите од духовниот свет. Дополнителна заштита се овозможувала од погребните текстови вклучени во погребот. Ѕидовите на гробот исто така вклучувале и уметничка работа, како слики на починатиот додека конзумира храна која се верува дека му овозможува на него или неа магично да прими хранливост и по завршувањето на смртните жртви.

Историја

Прединастичките и раните Династички периоди

Почетоците на Египетската религија се продолжуваат низ праисторијата и докази за нив постојат само од испрекинатиот археолошки запис. Грижливите погреби за време на Прединастичкиот период докажуваат дека луѓето од оваа доба веруваат во некаква форма на задгробен живот. Во исто време, животните се закопувале ритуално, чин којшто може да се одрази на развојот на зоморфичките движења како оние кои можат да се најдат во подоцнежната религија. Доказот бил помалку јасен за богови во човечка форма и овој вид на божество можеби се развивал побавно во однос на оние со животинска форма. Секој предел во Египет во основа имал сопствено божество, но очигледно е дека овие мали општества се натпреваруваат меѓусебе, богот на поразената област бил или вметнат во другата божја митологија или целосно опфатен во нив. Како резултат се појавиле сложени пантеони во кои некои божества останале важни само на локално ниво додека другите се развиле со универзумско значење. Како што се менувало времето, промената на кралствата се менувала како средното, новото и старото кралство, најчесто следената религија останала во границите на таа територија.

Раниот Династички период, во Египет почнал да се обединува околу 3000 година пред нашата ера. Овој настан ја претворил Египетската религија, како што некои божества се издигнале со национално значење и култот на божествениот фараон станал централен предмет на религиската активност. Хор бил идентификуван со кралот и неговиот култен центар во градот на Неќан- Горниот Египет се сметал за најзначајните религиски страни од овој период. Друг значаен центар бил Абадос, каде што раните владетели изградиле огромни погребни комплекси.

Стари и Средни Кралства

За време на Старото Кралство свештенството на главните божества се стремело да го организира сложениот народен пантеон во групи поврзани со нивната митологија и да даваат богопочитување на еден култен центар, како што бил Инаид од Хелиополис којшто ги поврзувал значајни божества како Атум, Ра, Озирис и Сет во единствен создаден мит. Во меѓувреме, пирамидите, придружени со огромни смртни комплексни гробници, ги замениле мастабите како гробовите на фараоните. Во спротивно со огромните димензии на пирамидите, гробниците на боговите останале мали, покажувајќи дека официјалната религија во овој период го објаснува култот на божествениот крал повеќе од директното богопочитување на божествата. Погребните ритуали и архитектурата од ова време значително влијаела на гробниците и ритуалите употребени за богопочитувањето во подоцнежните периоди.

Во почетокот на Старото Кралство, влијанието на богот Ра се зголемило и неговиот култен центар во Хелиополис станал најзначајниот религиски народен центар. Во времето на Петатта Династија, Ра бил најдоминантниот бог во Египет и развил најблиски врски со кралството и задгробниот живот и останал така и во остатокот од Египетската историја. Во исто време, Озирис станал значајно задгробно божество. Текстовите на пирамидите, најпрвин пишувани во ова време го истакнало значењето на сонцето и концептите на Озирис за задгробниот живот кои исто така содржеле остатоци од постарите традиции. Затоа текстовите се многу важен извор за разбирањето на раната Египетска теологија.

Во 22- иот век пред нашата ера, Старото Кралство доживеало пропаст во нередот на Првиот среден период, кое предизвикало значајни последици за Египетската религија. Редовите на Старото Кралство веќе почнале да ги усвојуваат погребните обреди наменети за кралското семејство, но сега, помалку ригорозните граници меѓу социјалните класи значело дека овие изведби заедно со верувањата се однесувале за сите Египќани, процес наречен „демократизација на задгробниот живот“. Озирискиот поглед за задгробниот живот имал најголемо значење за обичните луѓе па затоа Озирис станал еден од најзначајните богови.

Најверојатно владетели од Теба го реформирале Египетскиот народ во Средно Кралство. Тебанските фараони го истакнувале богот Монти на национално ниво, но за време на Средното Кралство тој бил отфрлен од издигнатата популарност на Амун. Во оваа нова Египетска држава, личната побожност станала позначајна и била застапена и во слободното пишување, модата која продолжила и во Новото Кралство.

Новото Кралство

Средното Кралство се распаднало во Вториот реден ериод, но земјата се обновила повторно за време на Тебанските владетели, кои станале првите фараони во Новото Кралство. Под новиот режим, Амун станал врховниот државен бог. Тој бил синхронизиран со Ра, долго објавуваниот владетел на божеството и неговиот гроб во Карнак,па така Теба станал најзначајниот религиски центар во Египет. Облагодарувањето на Амун делумно се однесувало и на значењето на Теба, но исто така имало влијание и зголеменото професионално свештенство. Нивната современа теолошка дискусија дала детален опис на универзалната моќ на Амун.

Зголемениот однос со надворешните луѓе од овој период придонело до усвојување на многу ново-источни божества во пантеонот. Во исто време, покорените Нубијани ги присвоиле Египетските религиски верувања и во главно, го прифатиле и Амун.

Религискиот ред во Новото Кралство бил нарушен кога дошол Акенатан и го заменил Амун со Атен како државен бог. Најверојатно тој ги отстранил официјалните богопочитувања на повеќето други богови и го заменил главниот град на Египет со новиот град Амарна, по кој овој Амарна период од Египетската историја бил именуван. Акенатан издал свој непрецедавачки статус, зошто само тој можел да го богопочитува Атен и го наметнувал богопочитувањето на народот директно кон него. На атенистичкиот систем му недостасувала добро развиена митологија и верувања во задгробниот живот и самиот Атен бил оддалечен, па затоа новиот ред не им се допаднал на обичните Египќани. Многу од нив продолжиле приватно да богопочитуваат. И покрај тоа, повлекувањето на државната поддршка за другите божества повеќепати го нарушила Египетското општество. Поддржувачите на Акенатан го измениле традиционалниот религиски систем и најверојатно тие ги укинале сите Атенистички моменти.

Пред периодот Амарна, славната религија се стремела кон повеќе лични врски меѓу боговите и нивните богопочитувачи. Промените на Акенатан го свртеле овој тренд, но кога еднаш традиционалната религија се менувала, настанувало контрареакција. Народот почнувал да верува дека боговите се многу повеќе присутни во секојдневниот живот. Врховниот бог, Амун, значително почнал да се смета за конечен работник на човечката династија, вистински владетел на Египет. Фараонот бил во спротивно повеќе човечен а помалку божествен. Значењето на пророштвата, се зголемило со донесувањето на одлуката како што се зголемило богатството и влијанието на изведувачите на пророштвата, свештенството. Овие трендови потсетуваат на структурата на општеството и придонесуваат распаѓање на Новото Кралство.

Во подоцните периоди

Во првиот милениум од новата ера, Египет значително ослабел во однос на раните времиња и во некои периоди странците ја анализирале земјата и ја пресметувале позицијата на фараонот. Значењето на фараонот продолжило да опаѓа и значењето на славните божества продолжило да се зголемува. Животинските култови, карактеристичната форма на Египетското богопочитување, станала значително позната во овој период, најверојатно како одговор на непостојаноста и надворешното влијание во тоа време. Изида станала попозната како божица на заштитата, магијата и личниот спас и станала најзначајната божица во Египет.

Во текот на четвртиот век од нашата ера, Египет станал Хеленистичко кралство под власта на Птолемаистичката династија, којашто ја заземала фараонската улога, одржувајќи ја традиционалната религија и градење или реновирање на веќе постоечките граници. Грчката, кралска, владеечка класа ги идентификувала Египетските божества со нивните. Од ре-културниот синкретизам се појавил Серапис, бог кој ги комбинирал Озирис и Апис со одлики на грчките божества и станал многу популарен меѓу грчкиот народ. Но и покрај се, двата система на верувања останале раздвоени и Египетските божества останале Египетски божества.

Верувањата на Птолемаичката ера малку се промениле откако Египет станала провинција на Римското Царство и со поставувањето на Птолемаистички кралеви наместо далечните владетели. Култот на Изида се појавил дури и кај Грците и Римјаните надвор од Египет и се ширел низ царството во хеленистичка форма. Во самиот Египет, како што слабеело царството, познатите гробници се распаднале и без нивното централизирано влијание, религиските обреди се разделиле и се локализирале. Во меѓувреме, христијанството се проширило низ Египет и во третиот и четвртиот век од нашата ера, зависници на христијанските владетели и иконостасите на локалните Христијани постепено ги намалувале традиционалните верувања. Додека постоела меѓу народот во некое време, Египетската религија полека избледнувала.

Наследство

Египетската религија ги создала гробниците и гробовите коишто се најважните Египетски моменти, но исто така оставила и други влијанија со нејзината кутура. Во времињата на фараонот многу од своите симболи, како што е спинаксот и крилестиот сончев диск, се прошириле и во Медитеранот и Блискиот Исток, како и некои од божествата, на пример Бес. Некои од овие врски потешко се следеле. Грчкиот концепт на Елизиумот можеби потекнува од Египетското гледиште за задгробниот живот и научниците и занаетчиите почнувајќи од Зигмунд Фројд, шпекулирале дека Хебрејскиот монотеизам можеби има и Атенистичко потекло. Доцна во антиквитетот, христијанскиот концепт за пеколот бил под влијание на некои мислители од Дуат, а иконографијата на Дева Марија можеби била под влијание на онаа на божицата Изида. Египетските верувања исто така влијаеле или им дале значење на неколку езотерички системи на верувања развиени од Грците и Римјаните кои го сметале Египет за извор на мистичната мудрост. Херметизцизмот, за разлика, потекнувал од традицијата на тајното магично познавање заедно со Тот.

Трагите од древните верувања останале во Египетските фолклорни традиции во модерните времиња, но нивните влијанија врз модерните општества значително се зголемиле со Француската кампања во Египет и Сирија во 1798та година. Како резултат на тоа, западњаците почнале да ги проучуваат Египетските верувања од прва рака и Египетските религиски мотиви биле усвоени во Западната уметност. Од тогаш, Египетската религија има големо значење за популарната култура. Благодарение на продолжениот интерес во Египетското верување, доцна во 20-иот век неколку нови форми на религиски групи се базирале на различните реконструкции на древната Египетска религија.

Почитта кон починатите

Почитта кон починатите се основа на верувањето дека починатите, најчесто членови на семејството, имаат продолжено постоење и/или ја поседуваат способноста да влијаат на среќата на живите. Некои групи ги почитуваат нивните предци, некои веруваат во општествата, во главно Католичката црква ги почитува духовите како посредници на Бога.

Во некои Источни култури и во матичните американски традиции, целта на почитувањето на предокот е обезбедувањето на следбеникот и позитивна склоност кон живите и понекогаш барање на посебни услуги или асистирање. Социјалната или нерелигиската функција на почитта на предокот е култивирањето на богопочитувачките вредности, како што е должноста на богопочитувањето, семејната лојалност и продолжувањето на семејната линија. Додека, далеку од универзалното, почитувањето на предокот се појавува во општествата со степен на социјалната, политичка и технолошка комплексност, останува како важна компонента на разни религиски обреди во модерните времиња. Овој став ќе истражува сличности и разлики во врската меѓу живите и починатите. Минималното барање на почитување на починатите е најверојатно некаков вид на верување во задгробниот живот, преживување, барем привремено и сознавање на личниот идентитет после смртта. Овие верувања се далеку од шаблонски.

Опис

За повеќето култури, обредите на предците не биле исти со богопочитувањето на боговите. Кога човек го богопочитувал богот во локалната гробница значи дека барал некоја услуга која може да биде наградена од моќните духови. Генерално кажано, целта на почитувањето на предците не треба да биде барање на услуга туку вршење на семејна должност. Некои луѓе верувале дека нивните предци всушност треба да создаваат за нивните потомци. Другите не верувале дека предците се дури и свесни за тоа што потомците го прават за нив, но семејната должност била најважна.

Па затоа, за неинформираните луѓе „богопочитувањето на предокот“ претставувало всушност промислената употреба на преведениот збор –богопочитување кој може да предизвика недоразбирање и претставува погрешен пример на многу начини. На англиски, зборот богопочитување обично се однесува на љубов полна со почит и посветување на одредено божество или божествено суштество. Во другите култури, овој чин на богопочитување не потврдува какво било верување дека одделените предци станале некаков вид на божество. Порадо, овој чин е начин на почитување, чест и вардење на предците во нивниот задгробен живот како и барањето на нивната заштита за нивните живи следбеници. На овој начин многу култури и религии имаат слично значење. Некои можеби ги посетувале гробниците на нивните родители или други предци, положувале цвеќиња и им се молеле за да оддадат почит и да ги запаметат, како и барале од нивните покојни предци да продолжат да ги вардат. Како и да е, овој чин не се сметал за нивно богопочитување.

Во таа смисла преводот на почитување на починатиот може да предизвика чувство на што учесниците како Кинезите и другите Будистички- влијателни и Конфузијанско-влијателни општества, се гледаат себеси како го прават тоа.

Африка

Богопочитувањето на предците е многу познато во Африка и служи како основа на многу религии. Почитувањето на предците се зголемува со верувањето на едно врховно суштество, но молителите и/или жртвите се вообичаено нудени на предците кои можат да се исдигнат до станување на примарни божества. Почитувањето на предците останало меѓу сите Африканци понекогаш толкувано меѓу подоцнежните усвоени религии на христијанството (како во Нигерија меѓу луѓето игбо) и Исламската (меѓу различни манди луѓе и бамум) во поголемиот дел од континентот.

Стариот Египет

Древните Египетски пирамиди се најпознатите историски споменици посветени на починатите. Египетската религија го поставува опстојувањето на душата со преживувањето на физичкиот рецепт за душата- оттука произлегуваат муминирањето и портретите.

Иако некои историчари тврдат дека древното Египетско општество е „мртов култ“ бидејќи содржи гробници и мумифицирани ритуали, всушност е спротивното. Филозофијата дека „овој свет е само бран од солзи“ и за да умреш и да бидеш со Бог е подобро преживување од постоењето на еден земјанин непознат меѓу старите Египќани. Ова не значи дека тие не биле запознаени со суровоста на светот, туку нивната етичност вклучувала чувство на национална гордост. Египетските луѓе ја сакале културата, обичаите и религијата нивниот секојдневен живот толку многу што сакале да ги продолжат и во наредниот- исто така некои се надевале на подобро утре во Убавиот Запад (Египетскиот задгробен живот). Истото ова силно чувство на национална и историска гордост сè уште постојат во модерниот свет на Египет, иако постојат промени во религијата и културата.

Гробниците се граделе и тогаш и сега, па затоа тие се граделе внимателно и биле украсени исто како што биле домовите на живите. Мумифицирањето претставувало начин кој го сменил правецот во стврднатата статуа на видови во кои ка( душата) на покојниот може да се врати, да прими жртви на предмети во кои уживал додека бил жив. Ако мумифицирањето не било возможно, „статуата-ка“ во придонес на починатиот била изгравирана за оваа намера. Благословената Смрт била наречена аку, или „ онаа светлата“ (во еднина ак). Тие се опишувале како „ светат како злато во јадрото на Нат“ и се сметале за златни ѕвезди на покривите од многу гробници и храмови.

Процесот во кој ка станувал ак не стапувал автоматски после смртта, вклучувал 70- дневен пат низ дуат, или Другиот свет, којшто довел до судење пред Весир (Гр. Озирис), Богот на починатите каде што срцето на ка можело да се носи на скала против Таткото на Маат (претставувајќи ја Вистината). Всушност, ако ка не била соодветно подготвена, овој пат можел да биде загрозен со опасни суштества и чудни демони, оттука биле откриени некои од најраните религиски текстови, како што е „ Хартијата на Ани“ (најчесто позната како „Книгата на мртвите“) и Пирамидските текстови биле напишани всушност како водачи за да им помогнат на покојните успешно да управуваат со дуат.

Ако срцето било избалансирано со Пердувот на Маат, ка го тргала обвинението и бил отворен влез кон Убавиот Запад каде што ак, кој бил „маа херу“ ( вистината на гласот) се пренесувал меѓу боговите и другите аки. Во овој поглед само ка била вредна да се почитува меѓу живите низ ритуали и жртви. Оние кои се губеле во дуат или се труделе да го избегнат судењето станувале несреќни (и понекогаш опасни) муту, како што е иНеспокојната Смрт. За неколкуте чии ѓаволи го повредувале Пердувот, божицата трпеливо чекала позади судското седиште на Везир за да им наштети. Таа била компонирано суштество од трите смртоносни животни во Египет,крокодилот, хипотамусот и лавот. (Хипотамусот и денес е основната причина за човечката смрт од страна на животните-ловци.) Да се биде нахранет од Амит значело дека си однесен во Бескрајната Празнина, да бидеш „недовршен“ како ка.

И покрај тоа да бидеш изеден од Амит, најлошиот пат што ка би можел да го претрпи после физичката смрт е да биде заборавен. За оваа причина, почитувањето на предците во древниот Египет претставувал важен обред на паметење со цел да ја одржи ка „жива“ во овој живот како и во следниот. Кралските семејства, свештениците и богатите потпишувале договор со нивните локални свештеници за да предизвикаат молители и да даруваат жртви на нивните гробници. За возврат, на свештениците им било дозволено да задржат порција од жртвите како надоместок за направените услуги. Некои гробни натписи ги поканувале минувачите да ги изговараат гласно имињата на починатите (коишто помагале во зачувување на нивната меморија) и да им понудат вода, молитви или други нешта ако тие ги посакуваат. Во приватните домови на помалку богатите, се правеле вдлабнатини во ѕидовите со домашните слики на семејното аку и да служат како жртвеник на почитувањето. Многу од овие исти религиски верувања и почитувањето на предците и денес се присутни во религијата на Кеметичкиот Ортодокс.

Стариот Рим

Римјаните, како многу други средоземни општества, имале строги забрани против мртвите тела. Телата на мртвите честопати биле изложувани на некое време но тогаш биле носени надвор од помериумот, или подигнувале споменици во градот- за да предизвикаат кремирање. Коскените фрегменти биле изложувани надвор од ѕидовите. Аристократските Римјани уште од нивното минато го задржале обичајот за зачувување на портретите на нивните машки предци- кои најверојатно го позајмиле обичајот од Етрусканите. Овие портрети биле во форма на маски- најверојатно дури и посмртните маски се наоѓале на лицето на починатиот предок. На значајни семејни празници, живите членови на семејството можеби ја носеле маската во процесот. Во 2-иот век од н.е., обредите се смениле од кремирачки во погребни. Причините за овие промени не се воопшто јасни. Стручњаците воочиле влијанија од групи кои го изведувале погребот- на пример, зголемениот број на Германистичките фудерати ( поставувале трупи во границите на царството)- и од зголемениот број на следбениците на религијата кои ги следеле погребите од докторски причини како што бил Еврејскиот, Христијанскиот и Египетските синкретистички „Мистериозни религии“.