Дрвото на животот, Фриз Стокле

Дрвото на животот, Фриз Стокле (француски: L'Arbre de Vie, Stoclet Frieze) ― слика на австрискиот симболистички сликар Густав Климт. Завршена била во 1909 година и е заснована на современиот стил (југендстил) во симболичен сликарски жанр. Димензиите на сликата се 195 на 102 см,[1] и се наоѓа во Музејот за применета уметност, Виена, Австрија.[2]

Дрвото на животот, Фриз Стокле
L'Arbre de Vie, Stoclet Frieze (fr)
See adjacent text.
Творец Густав Климт
Година 1909
Димензии 195 см × 102 см
Место Музеј на применети уметности, Виена, Австрија

Сликата е студија за серијал од три мозаици создадени од Климт за нарачан труд од 1905-1911 година во Стоклевиот дворец во Брисел, Белгија. Мозаиците биле создадени во периодот на доцните дела на уметникот и прикажуваат вртливи дрвја на животот, стоечка женска фигура и преграткана двојка. Мозаиците се распослани преку три ѕида од трпезаријата на Дворецот, заедно со два фигурални делови поставени еден спроти друг.[3]

Иконската слика подоцна ја вдахнала надворешната фасада на „Новата резиденцијална сала“ (исто така наречена „Куќа на дрво“), шарена студентска резиденцијална сала од 21 кат на колеџот за уметност и дизајн во Бостон, Масачусетс.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Rogoyska, Jane; Bade, Patrick (2011). Gustav Klimt. Parkstone Press International. Посетено на 26 октомври 2021.
  2. Austrian Museum of Applied Arts
  3. „Klimt Museum“. Архивирано од изворникот на 2018-05-05. Посетено на 2021-10-26.
  4. „MassArt Residence Story: This is the house that collaboration built“. MASCO: Medical Academic and Scientific Community Organization. MASCO, Inc. Посетено на 26 октомври 2021.