Дрвен крст е христијански крст изработен со копаничарска техника. Најчесто се употребувало дрво од орев, кое е потрајно и поцврсто. Овој вид на крстови покрај основната функција, претставуваат и еден вид минијатурни иконостаси кои ги носеле свештениците наречени пустиножители. Крстовите имале и функција на молитвеници или алтернација за црковните иконостаси. Крстовите биле обработувани од двете страни а биле прикажувани сцените: Распнување на Исус и Богородица со Исус (Одигитрија), од по страните, ако имало доволно простор биле претставувани апостоли или ангели.

На Балканскиот Полуостров имало поголем број работилници кои уметнички ги изработувале овие крстови. Во Македонија биле познати : кичевската и битолската школа за изработка на крстови. Денес во најголем број, овие крстови се сочувани во Музејот на применетата уметност во Белград , Србија .

Дрвениот крст е изработен во почетокот на 16 век, со димензии 11 х 6, 5 см. Според острите линии и плитката копаница како и други стилски одлики припаѓа на кучевската школа за изработка на крстови. Иако мал по димензии, крстот поседува уметнички вредности кои се аналогни на фреско живописот и иконопиството карактеристично за поистакнатите фреско - ансамбли во Македонија. Денес овој крст се наоѓа во Народниот музеј во Белград[1].

Наводи

уреди
  1. Бојана Радојковиќ - „Ситната пластика во старата српска уметност“, Издавачки завод Југославија, Белград, 1977/ Ситната пластика