Драгољуб Анѓелковиќ
Драгољуб „Драго“ Анѓелковиќ (р. 14 април 1993 година) е српски фудбалски напаѓач, кој игра за шведскиот клуб КСФ Преспа Бирлик.[1][2]
Клупска кариера
уредиСлога Краљево
уредиСезона 2010-11
уредиРоден е во градот Краљево. Драгољуб ги поминал младинските категории на клубот на Слога од Краљево. По добрите игри и ефикасноста на натпреварите, уште како млад ја добил можноста да го носи дресот на првиот тим. Во својата дебитантска сезона за првиот тим забележал 18 првенствени натпревари, а постигнал 4 гола со што придонел тимот на Слога да се врати во Српската прва лига. Тој бил на клупата на натпреварот од Лав купот,против тимот на Црвена ѕвезда од Белград.[3]
Сезона 2011-12
уредиВо сезоната 2012–13, Анѓелковиќ играл и за младинскиот тим на Слога, а често бил и назначуван за капитен.[4] Во првата полусезона не играл многу за сениорскиот тим на Слога, но во втората бил прва замена за фудбалерот Дарко Дриниќ. Анѓелковиќ започнал на вкупно 3 натпревари, одиграл 22 натпревари и не постигнал ниту еден гол.
Сезона 2012-13
уредиПо заминувањето на Дриниќ од клубот, Анѓелковиќ го презел дресот со број 9 и ја започнал сезоната како прв избор во нападот на клубот. Но, набргу во Слога пристигнал фудбалерот со поголемо искуство, Јован Јовановиќ. Тогаш Анѓелковиќ бил приморан да премине како играч во десницата, односно како напаѓач кој ќе дејствува по десната крилна позиција. Сезоната ја поминал главно на таа позиција, но учествувал и како втор напаѓач. На крајот на сезоната бил еден од најефикасните играчи веднаш по првиот избор во нападот Јован Јовановиќ. Постигнал 7 гола и придонел тимот на Слога да остане во лигата.[5] Таа сезона настапил на 26 лигашки и на еден куп натпревар.[6][7]
Сезона 2013-14
уредиТимот на Слога главно ја започнал сезоната со играчи од минатата година и со само едно засилување и тоа Немања Леканиќ, но за вториот натпревар бил ангажиран уште еден напаѓач, Велимир Станковиќ. Во првата полусезона Слога успеала да победи на сите 7 домашни натпревари, а од гостувањата освоила уште 5 бода. Анѓелковиќ постигнал 4 гола (два во купот) постигнувајќи гол против БСК Борча во ремито на гости,[8] потоа во домашната победа против Синѓелиќ од Белград. На натпреварот против Синѓелиќ, по неуспешно нафрлено додавање кога топката го измамила голманот Бубоња и завршила во голот.[9] Тоа била многу успешна есен за тимот на Слога, кога вкупно 4 напаѓачи постигнале 6 гола. Анѓелковиќ постигнал 2 гола, Станковиќ исто така 2 гола, а Никола Радовиќ и Иван Ќуковиќ по 1 гол. Подоцна во Слога пристигнал нов напаѓач и тоа Милан Јовановиќ. Овој напаѓач пристигнал за втората полусезона и неколку натпревари по почетокот на пролетниот дел од првенството. Поради ова засилување Анѓелковиќ паднал во втор план, такашто на некои натпревари бил принуден да седи на клупата. Вкупно 5 пати влегувал во игра како резервен играч. Сезоната ја завршил со 24 првенствени натпревари и 2 постигнати гола. Настапил и на куп натпреварот против Војводина.[10][11]
Сезона 2014-15
уредиПозајмица во Вождовац
уредиПо дозволата на Слога сите играчи да го напуштат клубот,[12] Анѓелковиќ се преселил во клубот на Вождовац и тоа како позајмица заедно со играчот Зоран Марушиќ.[13] Тој добил дозвола да настапува за клубот на третиот натпревар против тимот на Рад.[14] Анѓелковиќ го постигнал единствениот гол за Вождовац на неговото деби во Јелен Суперлига во дебаклот на Вождовац против тимот на Рад. Овој натпревар завршил со резултат од 1:6.[15]
Враќање во Слога Краљево
уредиАнѓелковиќ и Марушиќ се вратиле во Слога од Краљево во јануари 2015 година.[16][17] Иако Слога испаднала во втората српската лига Запад, Анѓелковиќ таа година ја имал својата најдобра полусезона играјќи за клубот на Слога. Одиграл 14 натпревари во лигата и постигнал вкупно 7 гола: 4 дома, против Јавор во 16 коло,[18] Колубара во 20 коло,[19] Пролетер во 27 коло[20] и против тимот на Синѓелиќ во 29 коло.[21] Тој исто така постигнал и 3 гола на гости, вклучувајќи 2 против Слога Петровац во 26 коло[22] и 1 против тимот на Јединство Путеви во 28 коло од првенството.[23]
ОФК Петровац и Слога Петровац на Млав
уредиОткако Слога Краљево испаднала од Српската прва лига, Анѓелковиќ се преселил во Црногорската прва лига за тимот на ОФК Петровац. Откако постигнал 3 гола на 10 натпревари во првата половина од сезоната 2015–16, Драгољуб се вратил во Србија и се приклучил на тимот на Слога Петровац на Млав.[24] Тој имал 6 настапи во Првата лига на пролетната полусезона, и тоа главно како резервен играч. По распуштањето на клубот во летото 2016 година, Анѓелковиќ си заминал како слободен агент (слободен играч).
Борац Чачак
уредиВо летото 2016 година, Анѓелковиќ му се приклучил на тимот на Борац од Чачак. По претсезонскиот период, тој потпишал две години и половина договор со клубот.[25] Тој својот прв официјален натпревар за клубот на Борац го имал на вториот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига. Тогаш го заменил Марко Зоќевиќ во второто полувреме од натпреварот против Младост од Лучани, кој се одиграл на 30 јули 2016 година.[26]
Статистика во кариерата
уредиКлуб
уреди- Обновено на 20 May 2017[27]
Клуб | Сезона | Лига, натпревари и постигнати голови | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Слога Краљево | 2010–11[28] | Лига Запад | 18 | 4 | 1 | 0 | - | 1 | 0 | 19 | 4 | |
2011–12 | Прва лига | 25 | 0 | - | - | - | 25 | 0 | ||||
2012–13 | 26 | 7 | 1 | 0 | - | - | 27 | 7 | ||||
2013–14 | 24 | 2 | 1 | 0 | - | - | 25 | 2 | ||||
2014–15 | 14 | 7 | - | - | - | 14 | 7 | |||||
Вкупно | 107 | 20 | 3 | 0 | - | 1 | 0 | 111 | 20 | |||
Вождовац (на позајмица) | 2014–15 | Суперлига | 3 | 1 | 0 | 0 | - | - | 3 | 1 | ||
ОФК Петровац | 2015–16 | Прва лига | 10 | 3 | - | - | - | 10 | 3 | |||
Слога Петровац на Млав | 2015–16 | Прва лига | 6 | 0 | - | - | - | 6 | 0 | |||
Борац Чачак | 2016–17 | Суперлига | 11 | 0 | 0 | 0 | - | - | 11 | 0 | ||
Вкупно во кариера | 137 | 24 | 3 | 0 | - | 1 | 0 | 141 | 24 |
Наводи
уреди- ↑ FK Grafičar - OFK Beograd‚ ofkbeograd.co.rs, 9 September 2017
- ↑ „FK Borac - Igrački kadar“. Serbian SuperLiga official website (српски). 21 July 2016. Архивирано од изворникот на 15 August 2016. Посетено на 23 July 2016.
- ↑ „SLOGA - CRVENA ZVEZDA 0:2“. Red Star Belgrade official website (српски). 22 September 2010. Архивирано од изворникот на 3 February 2015. Посетено на 13 August 2014.
- ↑ „Omladinska liga Srbije: Sloga (K) – Rad 2:1“. srbijasport.net (српски). 31 August 2011. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „Fudbaleri Sloge uspešno okončali tešku prvoligašku sezonu i promovisali nekoliko odličnih mladih fudbalera“. srbijasport.net (српски). 20 June 2013. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „OFK BEOGRAD DEKLASIRAO SLOGU IZ KRALJEVA“. akter.co.rs (српски). 26 September 2012. Архивирано од изворникот на 14 August 2014. Посетено на 11 August 2014.
- ↑ „KS: OFK Beograd - Sloga 5:0“. sportal.rs (српски). 26 September 2012. Архивирано од изворникот на 14 August 2014. Посетено на 11 August 2014.
- ↑ „Žal za celim plenom“. srbijasport.net (српски). 3 September 2013. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „Sloga u Kraljevu pobedila Sinđelić“. srbijasport.net (српски). 8 September 2013. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „Sloga stala na penalu“. srbijasport.net (српски). 26 September 2013. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „Kup Srbije, 1/16 finala, Sloga (Kr) - Vojvodina 1:1, penalima 2:3“. webtv.rs (српски). 26 September 2013. Архивирано од изворникот на 14 August 2014. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „Za predsednika Sloge sedmo mesto više od očekivanog“. srbijasport.net (српски). 2 June 2014. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ Марушић и Анђелковић нови Змајеви. Sportski žurnal (српски). 9 July 2014. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ „3.Kolo: Voždovac - Rad“. Serbian SuperLiga official website (српски). 23 August 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ Шоу Петра Јелића на Врачару: Четири гола за полувреме, укупно пет! Убедљиви "романтичари" и Јагодинци. Sportski žurnal (српски). 23 August 2014. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ ВОЖДОВАЦ: Михајлов у Казахстану, Партизан послао понуду за Бaбовића. Sportski žurnal (српски). 4 January 2015. Посетено на 4 January 2015.
- ↑ „FK Sloga - Za opstanak novac i pojačanja“. srbijasport.net (српски). 4 January 2015. Посетено на 4 January 2015.
- ↑ „Kraljevčani srušili lidera“. srbijasport.net (српски). 15 March 2015. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „Kolubara ugasila nadu“. srbijasport.net (српски). 5 April 2015. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „Sloga pobedila Proleter“. srbijasport.net (српски). 9 May 2015. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „Sindjelić deklasirao Slogu“. srbijasport.net (српски). 16 May 2015. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „"Sloga" preokretom poslala Kraljevčane u Srpsku ligu“. ebranicevo.com (српски). 3 May 2015. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „Историјски дан за Радник, Сурдуличани у Супер лиги, Јавор на корак од повратка!“. Sportski žurnal (српски). 13 May 2015. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „I kapiten Stević DIGAO SIDRO“. sport.rs (српски). 2 February 2016. Архивирано од изворникот на 7 February 2016. Посетено на 2 February 2016.
- ↑ „"FUDBAL" 36/16 - page 3060“ (PDF). Football Association of Serbia (српски). 7 September 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-28. Посетено на 19 September 2016.
- ↑ „Greškom u poraz“. FK Borac Čačak official website (српски). 30 July 2016. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 19 September 2016.
- ↑ Драгољуб Анѓелковиќ на soccerway
- ↑ „Andjelkovic, Dragoljub“. srbijafudbal.com (српски). Посетено на 14 December 2016.
Надворешни врски
уреди- Драгољуб Анѓелковиќ статистика на utakmica.rs
- Драгољуб Анѓелковиќ на СвФФ