Драги Џон е шведски црно-бел игран филм снимен во 1964 година, во режија на Ларс-Магнус Линдгрен. По жанр е драма и е адаптација на истоимениот роман на Оли Лансберг.

„Драги Џон“
РежисерЛарс Магнус Линдгрен
СценаристЛарс Магнус Линдгрен
Оле Ленсберг (роман)
Премиера23 ноември 1964 (1964-11-23)
Времетраење115 мин.
ЗемјаШведска
Јазикшведски
Бруто заработка$4,000,000 (САД/ Канада)[1]

Содржина

уреди

Главниот лик, чиј лик го игра Жарл Куле, е капетан на мал товарен брод за транспорт на храна. Заплетот покажува како тој запознава една од неговите редовни патници, келнерка и (ја игра Кристина Холин ) и почнува да се дружи со неа и нејзината мала ќерка. Филмот предизвика големо внимание, пред се поради сцените во кои и двајцата протагонисти се капат голи, што за тогашните стандарди било прилично реткост, односно причина за обвинувањата дека филмот е „порнографски“. Неколку години подоцна, токму поради овие причини тој постигнал извонреден комерцијален успех за време на кино дистрибуцијата во Северна Америка. Бил номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1965 година.

Улоги

уреди

Наводи

уреди
  1. „All-Time B.O. Champs“. Variety. Penske Business Media, LLC.: 25. 3 January 1968. Please note these figures refer to rentals accruing to the distributors

Надворешни врски

уреди