Драга Стојановска
Драга Стојановска (1923-1944) – револуционерка и учесничка во НОВ.[1]
Драга Стојановска | ||
Роден | 1923 Горно Соње, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1944 | |
Занимање | партизан |
Животопис
уредиДрага Стојановска е родена во Горно Соње, во 1923 година. Учела Трговска академија, каде што стапила во редовите на скоевската организација. Била борец и учесник во Втората светска војна. Во септември 1944 година, била дел од единиците на Дванаесеттата македонска ударна бригада, како санитетско лице. Во борбите за ослободување на Скопје, Драга загинала во обид да извлече ранет соборец.
Спомен биста на Драга Стојановска била поставена во населбата Тафталиџе, во близина на Педагошката академија, во студентската населба што го носи нејзиното име. Бистата била откриена во 1979 година, дело е на авторот Коста Абдорманов. Во нејзина чест се именувани неколку училишта во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 142.