До три ми пушки пукнаа
македонска народна песна
„До три ми пушки пукнаа“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некои си тројца јунаци кои биле смртно погодени од пушки, и кои биле оплакувани од своите мајки. Песната има општествен и ајдутски карактер.
„До три ми пушки пукнаа“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:13 (Никола Бадев) 02:41 (Венета Цветкова) 03:43 (Македонски мерак) 03:11 (Ансамбл ресенчани) |
Текст
уреди-До три ми пушки пукнаја,
до три јунака паднаја.
До три јунака паднаја,
до три ми мајки плакаја.
До три ми мајки плакаја,
стојанова мајка највеќе.
- Стани ми синко Стојане,
да видиш родна вдовица.
Да видиш родна вдовица,
со седум, осум сирака,
деветти сирак на лулка.
- Не можам мајко да станам,
земја ми лице покрила,
змија ми очи испила.