Одбрана на древните - Дота (англиски: Defense of the Ancients; DotA) — мод за повеќекорисничка онлајн борбена арена (MOBA) за видео играта Warcraft III: Reign of Chaos и нејзината експанзија, The Frozen Throne. Целта на играта е секој тим да ја уништи „главната“ (Ancient), силно чувана структура на противникот, на спротивниот агол на картата, која е заснована на картата „Aeon of Strife“ за StarCraft. Играчите користат моќни единици познати како херои, а им помагаат сојузни соиграчи и борци контролирани од вештачка интелигенција. Како и во игрите за играње улоги, играчите ги левелираат своите херои и користат злато за да купат опрема за време на мисијата.

Defense of the Ancients
Дизајнер(и) Eul
Steve Feak
IceFrog
Подлоги Microsoft Windows, Mac OS X
Датум на издавање 2003
Жанр(ови) повеќекорисничка онлајн борбена арена
Режим(и) групна