Доктор Дулитл (филм од 1967)

„Доктор Дулитл“ (англиски: Doctor Dolittle) — американски филм од 1967 година во режија на Ричард Флејшер (Richard Fleischer), според сценариото на Лесли Брикјус (Leslie Bricusse). Филмот претставува екранизација на романите на Хју Лофтинг (Hugh Lofting). Главните улоги ги играат: Рекс Харисон (Rex Harrison), Саманта Егар (Samantha Eggar), Ентони Њули (Anthony Newley) и Ричард Атенборо (Richard Attenborough). Филмот добил лоши оцени од филмските критичари, но благодарение на големото лобирање од студиото, бил номиниран за наградата „Оскар“ во девет категории при што ги освоил наградите за најдобра филмска музика и за најдобри визуелни ефекти.Сепак, со текот на времето, филмот прераснал во класика.[1]

Синопсис

уреди

Д-р Џон Дулитл живее во мало село во Англија каде ги лечи животните, но исто така умее да зборува со нив. Откако пушта на слобода еден заљубен морж, него неправедно го испраќаат во лудница, неговите животни се здружуваат со двајцата негови најблиски пријатели, Метју Маг и Томи Стабинс, и го ослободуваат. Потоа, сите заедно ѝ се придружуваат на Ема Ферфакс заминуваат со брод во потрага по едно ретко суштество — големиот розев морски полжав.

Наводи

уреди