Додаток:Дресови на ФК Манчестер Сити
Овој додаток ги содржи дресовите на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, почнувајќи од сезоната 2004-2005 до тековната 2022-2023.
Заднина
уредиДомашните бои на Манчестер Сити се небесно сина (дрес) и бела (шорцеви). Потеклото на боите кои се употребуваат во опремата кога клубот е домаќин е нејасно, но постојат докази дека клубот носи сина боја уште од далечната 1892 година или порано. Гостинскиот дрес традиционално бил во костенлива боја, но во последните години биле користени и други бои како сива, црна, темносина, виолетова и зелена боја. Во сезоната 2011-2012 година, тие имале пругаст втор дрес со црвено-црни верикални ленти, инспириран од оној што Ѓраѓаните го носеле во 1969 и 1970 година, еден од најуспешните периоди во историјата на клубот и тој одново им донел среќа.