Договор од Портсмут

Договор од Портсмут ― договор со кој формално завршила Руско-јапонската војна од 1904–1905 година. Договорот бил потпишан на 5 септември 1905 година[1] во бродоградилиштето Портсмут во Китери (Мејн), Соединетите Американски Држави.[2] Американскиот претседател Теодор Рузвелт одиграл важна улога во преговорите и за неговиот ангажман ја добил Нобеловата награда за мир.

Јапонско-руски мировен договор, или „Договор од Портсмут“, 5 септември 1905 година. Дипломатски архив од Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Преговари за Договорот од Портсмут (1905). Конференциската маса денес се чува во музејот Меиџи-мура во Инујама, Јапонија.

Последици

уреди

По потпишување на договорот имало тридецениски мир меѓу Јапонија и Русија, а Јапонија станала регионална сила во Источна Азија. Со договорот Русија се согласила Јапонија да ја колонизира на Кореја, што во 1910 година довело до припојување на Кореја кон Јапонија.

Исто така, со договорот Русија била принудена да се откаже од својата експанзионистичка политика во Источна Азија. Сепак, договорот не беше добро прифатен од јапонскиот народ.[3] Условите од договорот ја покажале слабоста на Јапонците пред европските сили, а фрустрираниот народ во Јапонија почнал да се бунтува поради ова, и на 7 јануари 1906 година паднала владата на Кацура Таро.[4]

Поради улогата што Рузвелт ја имал во преговорите, Соединетите Американски Држави станале значајна сила во светската дипломатија. Во 1906 година, за неговот ангажман пред и за време на мировните преговори Рузвелт ја добил Нобеловата награда за мир, иако всушност воопшто не присуствувал во Портсмут.

Наводи

уреди
  1. "Text of Treaty; Signed by the Emperor of Japan and Czar of Russia", The New York Times. October 17, 1905.
  2. Location of shipyard in Maine: „York, ME-NH“. USGS 15-minute topographic map series. 1893. Архивирано од изворникот на March 12, 2016. Посетено на January 22, 2019.
  3. "Japan's Present Crisis and Her Constitution; The Mikado's Ministers Will Be Held Responsible by the People for the Peace Treaty – Marquis Ito May Be Able to Save Baron Komura," New York Times. September 3, 1905.
  4. Kowner, Historical Dictionary of the Russo-Japanese War, p. 300-304.