Договор за факторинг
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Договорите за факторинг ги делиме по повеќето критериуми:
Спрема обемот на преземање на ризикот на наплата:
* Прав факторинг – преземање на целокупното побарување од страна на факторот со сите видови на ризици во врска со наплативоста на побарувањето кој е назастапен во меѓународното работење; * Квази факторинг – кога не се презема del credere[6] ризикот за наплата на побарувањето. Значи, кај неправниот факторинг, значи, отпаѓа една од неговите основни функции – del credere функцијата; * Факторинг платив по стасаноста на побарувањето. Се работи за договор за факторинг во кој недостасува неговата функција на финансирање. Факторот ги купува краткорочните побарувања од клиентот на денот на нивната стасаност. Не се дава никаков аванс за побарувањата како кај правниот договор за факторинг; * Факторинг со право на регрес и без право на регрес. Кај факторингот со регрес, факторот го задржува правото на регрес од својот клиент, ако не успее да го наплати долгот од должникот на својот клиент и овој вид на факторинг не се смета за прав факторинг.