Доброта војвода
Доброта — легендарен војвода од шеснаесеттиот век од село Железница, Пиринскиот дел на Македонија. Според легендата со неговата дружина организирал одбрана на селото против Турците, коишто сакале до го исламизираат населението. На Велигден, денот кога требало да бидат обратени во исламот, Доброта и неговите другари го уништиле целиот турски одред заедно со турските првенци, ги запалиле куќите на селото и го напуштиле. Новото село го изградиле повисоко во Малешевска планина. Местото крај селото, од кое четата гледала за Турци, се вика Доброта.[1] За војводата е зачувана и народна песна „Доброта војвода“.
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија „Пирински крај“, том I. Благоевград, Редакција „Енциклопедија“, 1995. ISBN 954-90006-1-3. с. 278.