Дистален промотор
Дисталните промоторни елементи се регулаторни секвенци на ДНК кои може да бидат многу килобази оддалечени од генот што тие го регулираат.[1]
Тие можат да бидат или засилувачи (зголемен израз) или пригушувачи (се намалува изразот). Дејствуваат со врзување на активаторските или репресорските протеини (фактори на транскрипција) и интервентната ДНК се свиткува така што врзаните протеини контактираат со јадрото на промоторот и РНК полимеразата.[1]