Директива за преземање

Директивата за преземање или Европска директива 2004/25 е правен документ на Европската унија со кој се регулира проблематиката на преземањата на трговските друштва.

Опис

уреди

Поголемиот дел од одредбите на Директивата 2004/25 се незадолжителни поради несогласувањата меѓу земјите-членки на ЕУ, кои се обидуваат да ги заштитат своите национални интереси. Директивата посветува големо внимание на заштитата на малцинските акционери на трговското друштво кое се презема, па затоа, во членот 5 се поставува „правилото за задолжителна ценовна понуда (mandatory bid rule)“ кое е главното задолжително правило на Директивата за преземање. Според ова правило, потребно е понудувачот кој надминува одреден праг на сопственост на акции во целното друштво да ги купи и останатите акции на друштвото. Со ова правило се избегнува можноста, преостанатите акционери да поседуваат акции без вистинска контрола и без можност да влијаат на одлуките на друштвото. Но, Директивата не ја одредува точната вредност на потребниот праг на сопственост, зашто општо прифатениот праг е малку над 30%, но земјите-членки сами одлучуваат за висината на овој праг. Како резултат на оваа слобода, во рамките на ЕУ вредноста на прагот се движи помеѓу 25 и 66%.[1]

Членот 15 од Директивата за преземање утврдува правила кои имаат за цел да ја промовираат преземачката активност. Тој утврдува дека, кога понудувачот стекнува одреден процент на акции, тој е способен да им наложи на сите сопственици на останатите акции да ги продадат на понудувачот по фер-цена. Со оваа одредба, Директивата наведува дека во одреден временски период, интересот на акционерите не ги надминува недостатоците за понудувачите.[2]

Наводи

уреди
  1. Commission Staff Working Document, „Report on the implementation of the Directive on Takeover Bids“, 2007.
  2. Grundmann, S., Glasow, F. (2012), European Company Law: Organization, Finance and Capital Markets, Intersentia.