Димна Јуда
Димна Јуда македонска народна песна од регионот Пијанец, околината на градот Делчево. Насловот означува „Чудесна самовила“.[1]
Според народните преданија, Димна Јуда била самовила која живеела на планината Влаина, Пијанечко Македонија. Таа побарала од народот кој живеел таму да ѝ даде тројца мажи, три жени и три деца, за да не фрли клетва врз сите. Но поради тоа што населението одбило и сакало да ѝ даде златници наместо живи луѓе, таа се налутила и изградила град од 100 ергени и 100 моми.
Песната како и темата се предмет на бројни преработки и препеви, меѓу кои спаѓа и иведбата на германската група Валдкауз. Театарска изведба на МНТ од 1974 година го носи насловот: „Димна Јуда град градила“.[2]