Димитар Бужбов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Димитар Бужбов
Роден ?
Охрид, Македонија
Починал 1944
 ?

Животопис

уреди

Бужбов е роден во градот Охрид. При избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 3-та оделна партизанска чета и во зборната партизанска чета на МОО. Награден е со бронзен медал [1].

По Првата светска војна се утврдува во Корча, Албанија, и заедно со сограѓанинот Иван Златарев создаваат база на Внатрешната македонска револуционерна организација, ја помага револуционерната дејност во западна Македонија [2][3].

Наводи

уреди
  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 102.
  2. Михайлов, Иван. Спомени, том 2, Льовен, 1965, стр. 157, 716.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 59.