Диме Иванов
македонски стрип-автор
Диме Иванов (познат под псевдонимот Димано) — македонски стрип-автор од постарата генерација. Својот прв стрип, насловен „Дванаесетмината“, кој го работи по сценарио на новинарот и публицист Мишо Китановски, го објавува во 1974 година, во списанието „Наш свет“.
Диме Иванов | ||
Роден | 1946 Неготино, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец |
Како цртач, Димано се одликува со изразена стрпливост и со широчина на ликовниот израз, а подеднакво добро се справува во илустрирањето и на реалистични и на карикатурални стрипови. Во своето четирисетгодишно стриповно творештво, тој најчесто соработува со сценаристите Мишо Китановски, Илија Јордановски и Ксенофон Угриновски, а на дел од стриповите и самиот се потпишува како сценарист.[1]
Наводи
уреди- ↑ Томислав Османли, "Развојот на стрипот во Македонија – седум децении стриповно творештво", Стрип, запис со човечки лик, "Млад борец", 1987; "Култура", Скопје 2002; Проект Растко - Македонија