Дикотиледоните (латински: Dicotylédones) или магнолиопсидите (лат. Magnoliópsida) се класа на скриеносемени (цветни) растенија.

Двата ембрионални (зародишни) листови - котиледони се разликуваат од останатите.

Морфолошки одлики уреди

Дикотиледоните се одликуваат по присуството на два зародишни листови (котиледони) во ембрионот (оттука и името). Кај нив, за разлика од монокотиледоните, спроводните снопчиња се распоредени во прстен, а меѓу дрвесината (ксилемот) и флоемот се наоѓа посебно творно ткиво — камбиум, кој го дава секундарниот раст; листовите, по правило, се со мрежеста нерватура; бројот на цветните составни делови е 4 или 5-кратен. Односно, цветот е 4- или 5-член. Коренчето на ембрионот обично станува главен корен способен за долготраен опстанок; лиската е најчесто расчленета, а нејзините рабови испапчени или назабени. Меѓу дикотиледоните се среќаваат растенија со нетипични одлики, а понекогаш и со некои признаци кои се покарактеристични за монокотиледоните.

Систематика уреди

 
Градба на семето на дикотиледоните:
a — обвивка, b — ендосперм, c — котиледони (дел од ембрионот), d — ембрион.

Според APG уреди

Palaeodicots
Magnoliids
Basal eudicots
Rosids
Basal rosids
Eurosids I
Eurosids II
Asterids
Basal asterids
Euasterids I
Euasterids II

Според Кронквист уреди

Magnoliidae
Hamamelidae
Caryophyllidae
Dilleniidae
Rosidae
Asteridae