Дием-ГПтрговско друштво за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.

Организација и управување

уреди

Претпријатието „Дием-ГП“ е организирано како друштво со ограничена одговорност (Доо). Седиштето на претпријатието се наоѓа во гевгелиското село Негорци.[1]

Менаџментот на „Дием-ГП“ го сочинуваат:[2]

  • Димитар Атанасов - менаџер за извоз и развој на нови пазари

Производство

уреди

Во 2019 година, во „Дием-ГП“ работеле вкупно 58 вработени.[3]

Финансиски показатели

уреди

Во 2019 година, „Дием-ГП“ остварил вкупен приход од 517 391 104 денари и мерено според овој показател, бил третото најголемо претпријатие во македонската индустрија за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук. Исто така, „Дием-ГП“ бил второто најголемото претрпијатие во оваа индустрија според остварената добивка, која во 2019 година изнесувала 73 459 692 денари.[4]

Наводи

уреди
  1. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 57.
  2. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 57.
  3. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 55.
  4. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 56.