Диего ел Сигала
Диего Рамон Хименес Салазар (роден во Мадрид, 27 декември 1968 година), познат како Ел Сигала (кастиљски за „скампа“), ― познат ромскои фламенкопејач.[1] Како што и самиот рекол, прекарот му го дале тројца гитаристи, „Лос Лосада“, за неговиот моќен глас, а не Камарон де ла Исла, како што обично се верува.[2]
Диего Ел Сигала има и доминиканско државјанство.[1]
Еден од неговите одлични албуми е „Lágrimas Negras“ од 2003 година, соработка со тогаш 85-годишниот кубански пијанист Бебо Валдес. Доброто спојување на кубанските ритми и вокалите на фламенко ја направиле оваа снимка меѓународен успех.[3]
Роден во семејство на ромски уметници и интелектуалци во Мадрид, Ел Сигала започнал да пее во фламенкови собири (клубови на ентузијасти) и таблаови, сè додека неговиот одлична мерка и способност да го забележи ритамот не го привлекле вниманието на играчите од светска класа како Марио Маја, Фаико, Фаруко, Ел Гуито, Мануела Караско, Кристобал Рејес, Кармен Кортес, Хоакин Кортес и тој започна да патувал како дел од нивните дружби. До крајот на деведесеттите, соработувајќи на снимања од Камарон, Томатито, Херардо Нуњес и Висенте Амиго, тој бил подготвен да сними свое ЦД. Со успехот на „Undebel“ тој ја започнал својата кариера како соло-пејач. Сега има снимено 8 ЦД-а и има освоено две Греми награди[4] и пет номинации за Латинско греми.[5][6]
Неговата сопруга Ампаро Фернандес починала во 2015 година од рак во Пунта Кана.[7]
Дискографија
уреди- 1998 – Undebel
- 2000 – Entre vareta y Canasta
- 2001 – Corren tiempos de alegría
- 2002 – Teatro Real (Диего Ел Сигала со Нињо Хоселе)
- 2003 – Blanco y Negro en vivo (Бебо и Сигала)
- 2003 – Lágrimas negras
- 2005 – Picasso en mis ojos
- 2008 – Dos lágrimas
- 2010 – Cigala & Tango
- 2013 – Romance de la luna Tucumana
- 2016 – Indestructible
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Diego el Cigala obtiene la nacionalidad dominicana“. El Mundo. Unidad Editorial Información General S.L.U. Посетено на 4 април 2021.
- ↑ „News article“. www.lavozdegalicia.com.
- ↑ Ratliff, Ben (28 декември 2003). „MUSIC: THE HIGHS; The Albums And Songs Of the Year“. Посетено на 4 април 2021.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 3 март 2016. Посетено на 4 април 2021.
- ↑ „Diego el Cigala - Web Oficial“. www.elcigala.com. Архивирано од изворникот на 2011-03-12. Посетено на 4 април 2021.
- ↑ „Flamenco - Diego el Cigala - Andalucia.com“. www.andalucia.com. Посетено на 4 април 2021.
- ↑ Yahoo Архивирано на 21 август 2015 г.