Дигитална фотографија

Дигиталната фотографија, за разлика од класичната, не користи филм, туку слика "гледајќи" преку електронскиот сензор како збир на бинарни податоци. Тоа овозможува подготвување и уредување на сликите на сопствениот компјутер. Денес, дигиталните фотоапарати се попродавани од класичните. Освен снимањето на фотографијата, тие често овозможуваат и снимање на видео и звук.

Дигитален фотоапарат

Предности и недостатоци на дигиталните фотографии

уреди

За просечен корисник кој поседува компјутер, предностите на дигиталниот фотоапарат, обично преовладуваат над недостатоците.Иако професионалните фотографи имаат поделено мислење.

Предности

уреди

Дигиталните фотоапарати овозможуваат преглед на снимките на лице место (без развивање), што значи дека фотографот може лесно да ги воочи грешките кај снимањето и да ги поправи додека не е прекасно. Бидејќи, сликите можат да се бришат, можат да се снимат многу последователни слики со мали разлики, да се избришат лошите и сочуваат само успешните. Кај класичните фотоапарати, тоа е прескапо. Можете и да одберете и само некои фотографии, кои ќе ги напишете на хартија (доколку сакате воопшто да ги испишете). Доколку имате сметач со печатач, не е потребно фотографиите да ги носите во фотостудио - тие можат да се испринтаат и дома. Исто така, фотографиите на компјутер можат и да се обработат т.е. да се подобрат (на пр. изоштрат, да се контролира контрастот, светлоста, интензитетот на бојата ...).

На една мемориска картичка можно е да се подготват стотина фотографии (зависно од капацитетот на картичката и квалитетот на сликата ), додека на еден филм можат да се фотографираат најмногу 36 фотографии.

Многу корисен податок кај дигиталните фотоапарати е фактот дека тие бележат дополнителни податоци за со самата слика (на пример. блиц, експозиоција, бленда, ИСО осетливост, време на фотографирање, датум, модел на фотоапаратот...). Тоа е корисно кај селектирање на фотографиите во компјутертот или кај понатамошна обработка на снимките. Некои класични фотоапарати, исто така, овозможуваат бележење на дата или време на фотографиите, но тој податок се испишува на самата фотогртафија. Фотографијата може да се копира безброј пати без нарушување на квалитетот.

Недостатоци

уреди

Класичните фотоапарати се поевтини од дигиталните фотоапарати.

Дигиталните фотоапарати брзо ја трошат батеријата, потребно е чедто да се дополнува батеријата или почесто да се купуваат нови батерии.

Филмовите со поголема ИСО осетливост даваат помалку зрнеста фотографија, отколку дигиталните сензори со иста осетливост. Исто така, постојат типови на филмови за кои нема еквивалент кај дигиталните фотоапарати (на пр. филм за инфра црвена светлост). Потоа, филмовите имаат многу поголема резолуција од дигиталните фотоапарати. Проценети еквивалентности се:

  • 35мм филм ~ 19 мегапиксели
  • 120 филм ~ 69
  • голем формат ~ 1135 мегапиксели

За споредба, модерните компактни дигиталните фотоапарати имаат 7-14 мегапиксели, професионалните дигиталните СЛР апарати 10-24мегапиксели, додека екстремно и многу поскапите дигитални фотоапарати имаат и до 297 мегапиксели. (имајте предвид дека еневозможно прецизно да споредите филм и дигитална).

Сликите од филм се попрецизни за документација. Можат да се стават во плакар, додека дигиталните фотографии се губат во случај на дефект тврдиот диск. Исто така, на филмот можат лесно да се воочат сите понатамошни промени, бидејќи не постои софтвер кој може да ја открие (доколку настанала) промената кај дигиталната фотографија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди