Дигалка за пациент

Дигалка за пациенти или хидрауличен лифт, може да биде или дигалка со појасна лулашка или дигалка за стоење. Ова е помошен уред кој им овозможува на пациентите во болниците, домовите за стари лица и лицата кои примаат домашна здравствена заштита да бидат пренесени помеѓу креветот и столчето или други слични места за одмор, со употреба на електрична или хидраулична енергија. Дигалки со појасна лулашка се користат за пациенти чија подвижност е ограничена. Тие се мобилни или пак фиксирани тавански дигалки.[1][2]

Подигање на пациентот

Дигалки со појасна лулашка има неколку предности. Тоа им овозможува на тешки пациенти да бидат пренесени, а истовремено го намалува стресот кај старателите, го намалува бројот на медицински сестри кои се потребни за преместување на пациентите. Исто така ја намалува можноста за ортопедски повреди заради кревање на пациентите.[3]

Друг вид на дигалка е таванскиот лифт, кој може да биде трајно наместен на таванот од собата за подобро искористување на просторот. Грешките кои може да произлезат од користењето на лифтовите на пациентот може да резултираат со сериозни повреди, а некои повреди кои биле предизвикани од неправилна употреба или дефекти на самите дигалки со појасни лулашки довеле и до граѓански тужби.[4]

Во Македонија употребата на овој вид на асистивна технологија е на ниско ниво. Заради ценовната недостапност, оние кои имаат потреба главно се потпираат на донации.[5]

Наводи

уреди
  1. Gingerich, Barbara Stover; Ondeck, Deborah Anne (1998-06-15). „Pocket Guide for the Home Care Aide“. ISBN 978-0-8342-1161-2. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. Altman, Gaylene (2003-07-29). „Delmar's fundamental and advanced nursing skills“. ISBN 978-1-4018-1069-6. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. Smith-Temple, Jean; Johnson, Joyce Young (2005-02-01). „Nurses' guide to clinical procedures“. ISBN 978-0-7817-5379-1. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. Iyer, Patricia W; Consultants, American Association of Legal Nurse (2002-11-26). „Legal nurse consulting: Principles and practice“. ISBN 978-0-8493-1418-6. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. Ана (2017-11-02). „Електрична кран дигалка донирана во семејство со две деца со церебрална парализа во Неготино“. А1он (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 2019-01-24.