Десетти декември (книга)

Десетти декември (англиски: Tenth of December) - збирка раскази на американскиот писател Џорџ Сондерс. Расказите се напишани во периодот од 1995 до 2009 година, a книгата е објавена во 2013 година.

Содржина

уреди

Збирката се состои од 10 раскази:[1]

  • Победнички круг
  • Стапови
  • Кученце
  • Бегство од Пајаковата Глава
  • Опомена
  • Ал Рустен
  • Дневник за Семплика девојките
  • Дом
  • Мојот витешки фијаско
  • Десетти декември

Осврт кон делото

уреди

Расказите во збирката „Десетти декември“ почнуваат како експерименти, навидум како сложени игри со јазикот и со формата, но се секој натамошен ред му се откриваат на читателот и се поедноставуваат до границата на параболата. Оваа книга е една од најзначајните збирки раскази објавени во 2010-тите. Главните ликови во расказите најчесто се наоѓаат на чекор од пропаста и од смртта. Меѓутоа, клучната поента во нив е - да се прават добри работи при што семејството и општеството ја претставуваат потпората. Тој применува раскажувачка постапка во која возбудливата јазична игра постепено стивнува, а низата од сложени слики се раствора за читателот да остане сам со јунаците и со нивниот конечен избор. Притоа, текот на свеста е главната наративна техника во расказите на Сондерс при што дијалогот редовно преминува во монолог. Истовремено, постои јасна разлика меѓу она што го преокупира авторот и набројувањето на предметите кои тој ги гледа. Во лавината од зборови, во испреплетеноста на внатрешните и надворешните гласови, дејството го придвижуваат прашањата поставени на самиот себе. Многубројните прашања во расказите упатуваат на бројни преиспитувања.[2]

Наводи

уреди
  1. Džordž Sonders, Deseti decembar. Beograd: Laguna, 2019.
  2. „Mića Vujičić, Oluje milosti Džordža Sondersa“, во: Džordž Sonders, Deseti decembar. Beograd: Laguna, 2019, стр. 239-246.