Демократска партија на Македонците во Косово
Демократска партија на Македонците во Косово е планирана македонска политичка партија во автономната покраина Косово и Метохија или делумно признатата Република Косово. Партијата ќе има цел да се признат Македонците кои живеат во Косово и Метохија (над 3000) кои претежно живеат во областа Гора (во која според тврдењата на „Здружението на Македонците од Гора“ живеат 82% Македонци). За водач на партијата се смета дека ќе стои претседателот на „Здружението на Македонци со муслиманска вероисповед“ Исамил Бојда. Регистрацијата на партијата е во тек.