Демијан Ле Бас (уметник)

Демијан Ле Бас (30 јануари 1963, Шефилд – 9 декември 2017 година, Вортинг) бил британски уметник поврзан со Аутсајдер Арт (или „Art Brut“), како и водечки експонент на „Ромската револуција“ во уметноста.

Живот

уреди

Ле Бас бил од ромско потекло.[1] Тој го завршил своето образование на Кралскиот колеџ за уметност.[2]

Живеел и работел со својата сопруга, ромската уметница Дилејн Ле Бас,[2] во Западниот Сасекс на јужниот брег. Тој бил татко на писателот Демијан Ле Бас.

Колекции

уреди

Од 1987 година, неколку дела на Ле Бас се чуваат во колекцијата Масгрејв-Кинли од клучни аутсајдер уметници, управуванo од Моника Кинли, до нејзината смрт во 2014 година.[3][4] Неговите понови дела се наоѓаат, меѓу другото, во збирките на Перппетуум Мобиле.

Изложби

уреди

Тој често изложувал во Обидинетото Кралство и во Германија, а неговите дела биле прикажани во Музејот Модерна во Шведска,[5] во Јапонија, Франција, Финска и САД. Тој бил доста познат во круговите на аутсајдер уметност, и бил изложен како дел од анкета-шоу на Art Brut во Малме Констхал во 1991 година.[6] Ле Бас исто така бил учесник на Прашкото биенале 3.[7]

Во подоцнежните години, искуството на патниците и на ромите станало рекурентна тема во неговите дела. Ле Бас го поканиле да учествува на првиот Ромски павилјон на Биеналето во Венеција во 2007 година.[8] Последователно, тој дал голем придонес во органицацијата на „Вечниот ромско-цигански павилјон“ во Венеција во 2009 година[9] и бил ко-иницијатор на 4-тиот Ромски павилјон што се одржал во Берлин во 2013 година.[10]

Тој често имал изложби во Велика Британија и Германија, а неговите дела биле прикажани во Јапонија, Франција, Финска, Шведска и во САД.

Наводи

уреди
  1. „High-profile stories of children expose Europe's anti-Roma prejudice“. Посетено на 11 December 2017 – преку The Globe and Mail.
  2. 2,0 2,1 Steward, Sue (29 October 2000). „Outsider dealing“. The Observer. Посетено на 4 August 2014.
  3. Dempsey, Andrew (6 April 2014). „Monika Kinley obituary“. The Guardian. Посетено на 5 May 2014.
  4. „Britischer Künstler: Damian Le Bas ist tot“. 11 December 2017. Посетено на 11 December 2017.
  5. „The Invisible Faces of Europe: Pop-Up Exhibition and Panel Debate - Perpetual Mobile“. Perpetual Mobile (англиски). 2015-11-30. Посетено на 2017-12-25.
  6. „SARLINGAR, Art Brut, Outsider Art ( 1991, Malmo konsthallas katalog )“. Damian Le Bas | Art Brut (англиски). 2016-03-09. Посетено на 2017-12-25.[мртва врска]
  7. „PRAGUEBIENNALE3“. Архивирано од изворникот на 4 April 2014. Посетено на 4 August 2014.
  8. „Paradise Lost: The First Roma Pavilion at the Venice Biennale“. Open Society Foundations. 2007. Посетено на 4 August 2014.
  9. „SUPPORTERS of the PERPETUAL ROMA-GYPSY PAVILION - Perpetual Mobile“. Perpetual Mobile (англиски). 2009-09-09. Посетено на 2017-12-25.
  10. „The 4th Roma Pavilion: SAFE EUROPEAN HOME? Berlin - Perpetual Mobile“. Perpetual Mobile (англиски). 2013-04-21. Посетено на 2017-12-25.

Надворешни врски

уреди