Делије север
Делије или Делије север е назив на обединетите навивачи на спортското друштво ФК Црвена ѕвезда, пред сè на Фудбалскиот клуб. До обединување дошло на православен божиќ 7 јануари 1989. година, кога од голем број на имиња избрана е опцијата за единствено име на сите најверни навивачи „Делије север“.
Православна армија, Северне песнице, Поларни медведи биле само некој од десетете предложени имиња. Предлогот Православна армија (Orthodox Army) во стартот на грото од присутните им се свиѓало, но набрго е одфрлено од изборот, бидејќи во тоа време ширум југословенските стадиони била голема хајка на властите за секоја песна, знаме или име на навивачка група која има конотација на верска или национална припадност.
Делије отсекогаш имале свој групи и подгрупи, моменталнни најорганизирани и најбитни групи на север се: Belgrade boys, Brigate, Ultra Boys и Heroes. Навивачите на Црвена звезда и Олимпијакос развиле големо пријателство. Навивачите на двата тима себе се нарекле „Православна браќа“ („Orthodox Brothers“. Многупати навивачите на Црвена звезда од различни навивачки клубови биле на натпреварите на Олимпијакос, посебно против нивниот најголем соперник ФК Панатинаикос. Од неодамна во „Orthodox Brothers“ ги вклучија и навивачите на Спартак Москва.
Во последниве неколку години, иако Звезда не остварува очекувани резултати, нејзините навивачи прават неверојатни посети, за стандардите во Србија кореографии, пеколни атмосфери.
Во денешницава Делије спаѓаат во едни од најорганизираните, најверите, најбучните и најдобри навивачки групи во Европа и пошироко. Од август 2011. Делије им пружаат поддршка и на КК ФМП Железник, кое име е променето во КК Црвена звезда Телеком, додека КК Црвена звезда пет години не се натпреварува. Водачи на Делије се: Драган Тодиќ - Тода, Бранискав Јаковљев - Бора, Жељко Ражнатовиќ - Аркан, Владимир Шавија, Драган Васиќ - Тата, Велибор Дуњиќ и долгогодипниот навивач на Црвена звезда Миодраг Милосављевиќ, познат како Миле Србин.