Декубитус
Декубитус претставува патолошки процес кој се јавува на т.н. предилекциски места,предизвикано од подолго време лежење во иста позиција односно поради притисокот на крвните садови и недоволната исхранетост на ткивото со крв,односно нарушена циркулација.
Dekubitus | |
---|---|
4 стадиум на декубитус | |
Специјалност | Hirurgija |
Предилекциски места:
- окципиталната џумка
- рабовите на ушните школки
- рабовите на лопатката или скапулата
- ’рбетните продолжетоци
- кај лумбалниот дел кај карличната коска
- на колената
- на лактите
- на петиците
Причини за појава на декубитус:
- Причините можат да бидат егзогени(неодржување на личната хигиена,една положба во креветот која трае долг период,иритација,набори на постелнината и облеката,иритација со трошки,предмети.Но причините можат да бидат и ендогени,односно:
- парализа
- болести со квс
- анемии
- дијабет
- обезитас
- кахексија
Стадиуми на настанување на декубитална рана:
- Стадиум на hyperemia-во овој стадиум кожата најпрво е бледа поради долгиот притисок врз крвните садови,а потоа кожата е црвена поради хиперемијата.
- Стадиум на мацерација - во овој стадиум кожата е лигава,влажна и се лупи.
- Стадиум на некроза-во овој стадиум раната се шири во длабочина и ширина.
- Во четвртиот стадиум раната се проширува до коска.
Дејство врз организмот
уреди- Раната претставува влезно место на микроорганизми што може да доведе до смртен исход доколку не се води соодветна грижа и нега.
- Преку раната доаѓа до губење на голем број белковини,а со тоа се намалува отпорноста на огранизмот.
- Производите од декубиталната ран влијаат токсично врз CNS,хепар и бубрези.
- При целосно заздравување на оваа рана може да се намали подвижноста на околното ткиво,така настануваат и контрактури.
Превенција
- Одржување на лична хигиена
- Масажа на предилекциски места
- Употреба на поможни средства со цел превенција
- јакнење на отпорноста на организмот со храна богата со белковини
- болничката облека и постелнина да е без набри,и други предмети.
Лекување
- Земање на брис од раната за да се утврди антибиотикот
- Промивка на раната со водород пероксид,а потоа со со бетадин,а на крај со антибиотски раствор или прашок.
- Преврска на раната
- Заштита на раната со ѓеврече или гумен круг.