Девојчинска кула

појаснителна страница на Викимедија

Девојчинска кула е првиот балет на Азербејџан и и првиот балет на муслиманскиот исток[1]. Се состои од три дела со пролог и епилог. Афрасијаб Бадалбејли е автор на музиката и либретото. Премиерата била одржана на 18 април 1940 година во Азербејџанскиот државен академски театар за опера и балет . Новата верзија на балетот била претставена на 24 октомври 1999 година. Јулана Аликишиде била автор на новата верзија. Мадина Алиева и Гулагаши Мирзојев биле главните балетски изведувачи[2].

Девојчинска кула
Сцена од првото поставување на балетот, 1940 година.
КомпозиторАфрасијаб Бадалбејли
ЛибретоАфрасијаб Бадалбејли
Датум на премиера18 април 1940
Место на премиераАзербејџански државен академски театар за опера и балет, Баку

Композиторот го компонирал балетот под влијание на фолклорните дела. Тој вовел оригинална азербејџанска мелодија во балетот – како на пример лирскатата песна „Ај, бери бах“ („Танц на девојчињата“ од првиот чин), мелодиите „Терекаме“, „Кикиџан“ (танцот на селаните од првиот чин). Тој користел и ерменски, узбекистански, ирански мелодии[3].

Наводи

уреди
  1. „Бадалбейли. Балет «Девичья башня»“. Архивирано од изворникот на 2020-06-23. Посетено на 2020-04-10.
  2. Балет Девичья башня
  3. Балет «Девичья башня»: органический синтез