Девојка на плажа (うみべの女の子, Umibe no Onnanoko) е тековна јапонска манга за млади возрасни напишана и илустрирана од Инио Асано. Првпат била објавена во 2009 година во 58-то издание на јапонското двомесечно списание Manga Erotics F. Првиот том од книгата бил издаден во 2011 година. Мангата опфаќа теми како што се љубов и полов однос помеѓу момче и девојче што живеат во град на морскиот брег.[1]

Девојка на плажа
АвторИнио Асано
Изворен насловうみべの女の子
ЗемјаЈапонија
Јазикјапонски
Жанрроманса, драма, еротика, младинско-возрасни
Издадена
2009 - продолжува

Приказна

уреди

Коуме Сато и Косуке Исобе се два тинејџера кои живеат во заспано крајбрежно гратче. Откако нејзиниот сакан ја искористува и отфрла, Коуме се одлучува да започне сексуална врска со Косуке без никакви чувства вклучени. Наскоро откриваат дека секс без обврски може да доведе до неочекувани компликации не само за нив току и за луѓето околу нив.

Ликови

уреди
Коуме Сато (佐藤 小梅 Сато Коуме)
Коуме Сато е обична ученичка во средно училиште. Ја привлекува само физичкиот изглед. Отако беше отфрлена од страна на саканиот започнува тајна сексуална врска со Исобе.
Исобе (磯辺 Исобе)
Косуке Исобе е момче кое и искажува љубов на Коуме во прва година од средно училиште. Иако е повлечен тип покажува арогантна страна од својот карактер. Во слободно време пишува блог за аниме и манга. Кога беше шесто одделение мораа да се преселат со фамилијата заради работата на татко си. Се зборува дека брат му се удавил во морето иако постојат гласини дека бил убиен.
Мисаки (三崎 Мисаки)
Мисаки е познат по своите лоши флертувачки манири. Откако Коумеи му искажала љубов ја принудил да има орален секс со него.
Кашима (鹿島 Кашима)
Кашима е пријател од детството на Коуме и нејзин соученик. Исто така е член на училишниот безбол клуб.
Кеико Кобајаши (小林 桂子 Кобајаши Кеико)
Кеико Кобајаши е најдобрата пријателка на Коуме и нејзина соученичка.

Анализа

уреди

Инио Асано има единствен уметнички пристап и стил на пишување. Познат е по своите реалистични приказни кои се занимаваат со секојдневни теми, но и психолошки хорор. Весникот Yomiuri Shimbun го опишува како еден од гласовите на својата генерација.

Врската на Коуме и Исобе е ништожна, пасивно-агресивна и злобна; како тинејџерски пријатели од корист. И двајцата се неуспешни во криење на своите вистински чувства. Коуме тврди дека нема никакви чувства кон Исобе, но е секој ден во неговиот дом; не само за секс, изгледа дека навистина ужива да зборува со него и да минува време со него. Иако Исобе тврди дека чувствува нешто кон неа изгледа дека не го интерестира ништо освен секс. Коуме ќе има само сексуални односи со него, а одбива да го бакне; го редуцира сексот на нешто меџанистичко. Како што приказната напредува дознаваме дека Коуме не е “девојката на плажата“ туку тоа е девојката чии слики се на мемориската картица. Се чини дека нејзината слика има подлабоко значење за Исобе, заради што е и толку лут откако Коуме ја брише папката со нејзините слики на Исобевиот компјутер. Иако не ѝ се допаѓа, како што сама тврди, Коуме дефинитивно се надева дека може да го поседува Исобе. Очигледно е љубоморна бидејќи Исобе се интересира за некоја друга покрај неа. Не само што ја избриша папката, туку девојката од плажата ја направи несигурна што дури се реши да се соблече пред Исобе за првпат.

Наводи

уреди
  1. „Solanin's Asano to Launch Umibe no Onna no Ko Manga“. Anime News Network. мај 13, 2009. Посетено на 1 август 134 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди