Девојка за изнајмување

Девојка за изнајмување (јапонски: 彼女、お借りします, англиски: Rent-A-Girlfriend) — комична љубовна манга од Реиџи Мијаџима, објавена во списанието Weekly Shonen Magazine на Kodansha од јули 2017 г. Заклучно со април 2024 г., објавени се 36 тома.[1]

Првата корица на мангата, вклучувајќи ја Чизуру Мизухара

Аниме-адаптација на мангата била создадена од TMS Entertainment, а првата сезона била премиерно прикажана на 10 јули 2020 г. Втората сезона била премиерно прикажана на 3 јули 2022 г. Третата сезона била премиерно прикажана на 7 јули 2023 г.

Содржина

уреди

Заплетот се заснова на образот на реалните услуги во Јапонија, кои ви дозволуваат да изнајмите лице на одредено време што ќе ја игра улогата на пријател, брачен другар, дете или девојка/дечко за одреден временски период.[2]

Откако Казуја Киношита ќе биде оставен од неговата прва девојка, тој решава да проба онлајн услуга за изнајмување девојки. Прекрасната и дружељубива Чизуру Мизухара се покажува дури и премногу идеална за неговиот вкус. Тој продолжува да ја изнајмува за да им покаже на другите и на членовите на семејството дека добро му оди, па дури и дека има девојка. Многу совпаѓања, како фактот што живеат во соседни станови или одат на ист факултет, ги поврзуваат јунаците, како и желбата на Казуја да не ја вознемири баба му. Наскоро, Казуја се крие зад совршениот образ на Чизуру.[2]

Наводи

уреди
  1. 「AKB49」宮島礼吏が描く、“レンタル”から始まるラブコメディ始動. Natalie (јапонски). July 12, 2017. Архивирано од изворникот November 5, 2018. Посетено на April 21, 2020.
  2. 2,0 2,1 „The Spring 2020 Manga Guide Rent-a-Girlfriend“. Anime News Network (англиски). 2020-06-02. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 2020-06-03. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди