Девојката од Космај
„Девојката од Космај“ (српски: Девојка са Космаја) — југословенски филм од 1972 година во режија на Драгован Јовановиќ. Главните улоги ги играат: Људмила Лисина, Михаило Јанкетиќ, Михајло Костиќ Пљака и Никола Симиќ.
Синопсис
уредиВојната разделува двајца вљубени. Девојката заминува во партизани и цело време го бара својот љубен, но најпосле дознава дека тој се бори на страната на непријателот. За време на една акција, младиот партизан кој е вљубен во неа, се обидува да ја заштити при што е смртно ранет, а потоа умира на нејзините раце. Така, растргната меѓу две љубови, девојката не доживува ниту една од неа.[1]