Да живеат младенците!
„Да живеат младенците!“ (шпански: ¡Vivan los novios!) — шпански филм од 1970 година во режија на Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga), кој е автор и на сценариото, заедно со Рафаел Аскона (Rafael Azcona). Главните улоги ги играат: Хосе Луис Лопес Васкес (José Luis López Vázquez), Лали Солдевила (Laly Soldevila) и Хосе Марија Прада (José María Prada).[1]
Синопсис
уредиЕден банкарски службеник и неговата мајка одат на плажа, ден пред неговата венчавка со една убавица. Тој накратко ја остава мајка си сама за да поразговара со некои нудисти, а по враќањето назад, открива дека таа се удавила. За да не мора да ја одложи венчавката, мајчиното тело го става на мраз во одмаралиштето со кое управува неговата свршеница...