Даша од Севастопол

Дарија Лаврентиевна Михајлова (Дарья Лаврентьевна Михайлова) (ноември 1836 – 1892) била руска болничарска во текот на опсадата на Севастопол во Кримската војна. По овие настани, таа станала позната како Даша од Севастопол или Даша Севастополска (Даша Севастопольская). Се смета за една од основачите на современото болничарство, заедно со Флоренс Најтингел.

Биста на Даша од Севастопол на зграда во Севастопол.

Животопис

уреди

Дарија Михајлова е родена во село во Казанската губернија. Татко ѝ бил морнар во  руската морнарица, и бил убиен во Битката кај Синоп во 1853 година. На 17 години била сирак кога избувнала Кримската војна во 1853 година.

Заминала на боиште за да им помага на руските војници, во текот на Битката кај Алма. Основала болничка единица, и се смета дека била првата медицинска сестра доброволец во Кримската војна. По војната, царот Николај I ја наградил со „Орден на Св. Владимир“ и златна медаља „За заслуги“. Исто така, добила и парична награда, 500 сребрени рубљи, како и една илјада сребрени рубљи откако се омажила со војникот Максим Кворостов, во 1855 година.

Астероидот 3321 е наречен според неа (3321 Dasha 1975 TZ2 Darya Lavrentyevna Mikhailova).

Наводи

уреди