Дафа Цепенкова
Дафа Цепенкова е една од најпознатите македонски интерпретаторки на народно творештво од XIX век.[1]
Животопис
уредиДафа Цепенкова потекнувала од семејство Цепенкови од Прилеп и била сестра на познатиот собирач и запишувач на народни умотворби Марко Цепенков. За разлика од нејзиниот брат Марко, кој поседувал извонреден талент за раскажување, Дафа поседувала талент за пеење. Најголемиот дел од песните запишани во Зборникот на Наум Тахов ѝ припаѓаат токму на Дафа. Слободната интерпретација и умешноста за импровизација придонесува испеаните песни да бидат исполнети со чувство за метрика и со ведар дух, а дел од овие песни се и авторски дела на самата пејачка. Токму затоа, Дафа Цепенкова ја сместуваме во редот на најдобрите македонски интерпретаторки на народни песни во XIX век. Починала во длабока старост, на 103 години.
Библиографија
уреди- Славчо Ковилоски. (2018). Македонското женско творештво во XIX век. Скопје: Институт за македонска литература.
Наводи
уреди- ↑ Ковилоски, Славчо (2020-09-26). „КРВТА НЕ Е ВОДА: НАРОДНАТА ПЕЈАЧКА ДАФА ЦЕПЕНКОВА“. Палимпсест.