Данок на јаглерод во Македонија

Данокот на јаглерод во Македонија е данок што треба да се наплаќа на емисиите на јаглерод од производството на стоки и услуги, односно данок што е предвиден во новиот Закон за климатска акција.[1] Без данокот на јаглерод, се смета дека емисиите од енергетиката во Македонија во 2030 година ќе се намалат вкупно за околу 3% во однос на емисиите во 2017 година, и тоа главно поради планираните мерки за енергетска ефикасност. Воведувањето на данокот на јаглерод во Македонија и во државите во регионот, ќе доведе до намалување на емисиите на СО2 од енергетиката во Македонија за околу 40% во 2030 година, и за 42% во 2040 година, споредено со емисиите во 2017 година.[2]

Зошто е потребен данокот на јаглерод во Македонија

уреди

Македонија, заедно со сите други држави во светот, го потпиша Договорот од Париз, кој има за цел да го задржи зголемувањето на температурата на глобално ниво под 2 степени Целзиусови и да спречи климатските промени да предизвикаат сериозни последици. До 2050 година, Македонија веќе може да очекува повисоки температури во летните месеци, зголемување на топлотните бранови и зголемена честота и интензитет на сушите. Зголемувањето на температурите од 2 степени Целзиусови би предизвикало шест од седумте скијачки центри во Македонија да останат без снег. Сите држави во светот во текот на 2020-тите години мора да направи значителни промени за температурата да не се зголеми за повеќе од 1,5 степени Целзиусови.[2]

Друга можност е Македонија да ги регулира емисиите во секој сектор и подсектор поединечно. Сепак, за ова да се спроведе потребно е властите да направат избор на технологии и стандарди за ефикасност за низа примени. Иако некои вакви нови технолошки стандарди можат да бидат прилично ефективни, постои ризик властите да побараат мерки кои ќе бидат или премногу скапи или подоптимални.[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди